Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Кристал 1923“: Откупната цена на СОНЧОГЛЕДОТ годинава е 23,5 денари, повисока од ланската
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Кристал 1923“: Откупната цена на СОНЧОГЛЕДОТ годинава е 23,5 денари, повисока од ланската
Агровести

„Кристал 1923“: Откупната цена на СОНЧОГЛЕДОТ годинава е 23,5 денари, повисока од ланската

Објавено 03/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на сончогледот годинава започна порано. Од компанијата „Кристал 1923“ за МИА информирааат дека веќе 20-тина дена се одвива откупот на сончоглед од македонските производители, кои поради високите температури годинава порано уште во август ја започнаа жетвата, а која изминатите години започнуваше во септември. Најпрво од производителите од Свети Николе и Куманово, а деновиве во фабриката во Велес се носи и сончоглед од Пелагонискиот регион.

Досега се откупени над илјада тони сончоглед, што за овој период е голема количина. Од „Кристал 1923“ поради подобриот род годинава планираат да откупат помеѓу 5 и 6 илјади или повеќе од ланските кога беа откупени 4 илјади тоно сончоглед.

Инаку,  откупната цена годинава  е 23,5 денари за килограм плус ДДВ и е повисока од ланската која беше 20,5 денари  плус ДДВ. Лани поради сушата и ниските приноси на сончогледот на иницијатива од „Кристал 1923“, земјоделците  од Владата добија помош вонредна субвенција по плус 5 денари од килограм сончоглед предаден во прерабоувачки капацитет.

Од велешка Маслодајна потсетуваат  дека тие  последниве години како единствена компанија за производство на масло за јадење  од сончогледовво семе во земјава направија големи напори и успеаја  да го вратат сончогледот на македонските полиња. Воедно се и  единствени кои преработуваат масло за јадење од сончоглед  и кои го откупуваат од македонските земјоделци,  иако им е поевтино како суровина да набавуваат сурово масло од странство.

Може да ви се допадне

Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Претходен напис АФПЗРР: Врвен приоритет во иднина ќе бидат  контролите на терен, нема да има  компромис со нереални исплати
Следен напис Музеј галерија Кавадарци со неколку настани за манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?