Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царинска управа: Спречено криумчарење на над две илјади парчиња разна стока – копачки, парфеми, облека
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царинска управа: Спречено криумчарење на над две илјади парчиња разна стока – копачки, парфеми, облека
Агровести

Царинска управа: Спречено криумчарење на над две илјади парчиња разна стока – копачки, парфеми, облека

Објавено 02/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Мобилен тим при контрола на товарно моторно возило на граничен премин Табановце откри и спречи криумчарење на вкупно 17 пара патики копачки од брендовите „Најк“ и „Адидас“, скриени во кабината во пределот на совозачкото седиште, соопшти денеска Царинската управа.

На граничен премин Деве Баир, при контрола на автобус кој сообраќа на релација Турција – Косово, под душекот на креветот за одмор на возачите и во багажниот простор се пронајдени непријавени 894 парчиња облека, 125 парфеми и 7 тоалетни води. Производите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Во други четири случаи мобилни тимови спречија обид за криумчарење на над илјада парчиња разна стока, која не била опфатена со увозните декларации. Станува збор за музички инструменти, очила, тротинети, пегли, ранци, сандали, индукциона печка за топење благородни метали, платно во должина од 7.557 метри и други производи. Вишокот производи се запленети, а против сторителите се поднесени прекршочни пријави.

На граничен премин Меџитлија царински службеници спречија криумчарење на медицински ехо апарат со сонда, откриен при контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички. На прашање на царински службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, возачот инаку македонски државјанин одговорил дека нема ништо за пријавување, при што поради сомневање извршена е контрола. При контролата е откриен непријавениот ехо апарат со вкупна вредност од 217.710 денари. Апаратот е запленет а против сторителот се води соодветна постапка.

Царински службеници на граничен премин Богородица на излез од државата, извршија детална контрола на товарно возило со босански регистарски таблички, управувано од босански државјанин. При контролата е забележано дека царинската пломба e оштетена, по што е извршена контрола на товарниот дел. Притоа, помеѓу стоката натоварена во камионот беа пронајдени 15 илегални мигранти од Кина. Мигрантите и возилото се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението од царинската управа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:копачкикриумчарењеоблекапарфемиразна стокацаринска управа
Претходен напис Во Лазарополе и Берово утрово најсвежо
Следен напис Во наредните денови попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?