Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Има квалитетно производство и пласман на пиперката, потребна е млада работна рака
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Има квалитетно производство и пласман на пиперката, потребна е млада работна рака
Агровести

Има квалитетно производство и пласман на пиперката, потребна е млада работна рака

Објавено 01/09/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Кривогаштани, по вторпат синоќа се одржа Фестивалот на пиперката на кој на 20-тина штандови беа претставени земјоделските производи, најмногу познатата пиперка за ајвар – црвената капија, како и гастрономски производи од пиперки и од зеленчук и овошје.

Според производителите, годинава родот на црвената пиперка е квалитетен, но намален поради сушата и климатските промени. Побарувачката е голема и допрва ќе се интензивира за да се пласира на домашниот и на странскиот пазар.

– Моментално на пазарите нема некое големо количество пиперка за ајвар. Моменталната цена е 50 до 60 денари за килограм. Засега е добра цената. Сѐ уште интензивно не почнало да се бара пиперката. Допрва ќе почне приготвувањето на зимниците. Се бара пиперката „капија“ и за извоз. Инаку, годинава поради сушата нема многу големи количества и ќе се бара многу. А откупната цена се движи од 40 денари за прва и 30 денари за килограм втора класа црвена пиперка за ајвар, вели производителот Васко Неделкоски.

Откупувачите извезуваат и во Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и во други европски држави. Производството е исплатливо, има иднина, но недостасува млада работна рака.

– Во споредба со лани, годинава е поголема побарувачката на пиперката. Се пробивме и на Балканот, овој фестивал многу помогна. И цената е повисока. Но, за жал, не може да речеме дека количествата се поголеми, зашто нема многу млади што се занимаваат со земјоделско производство. Производството има перспектива, но нема многу млади да работат, вели Стефан Благадушески, производител од Кривогаштани.

Организатори на фестивалот кои сакаат тој да стане традиција се Општина Кривогаштани и здружението „Лаг Агролидер“ од Прилеп. Фестивалот се одржува и со поддршка на Министерството за култура.

– И оваа година имаме околу 20 штандови, а годинава имаме гости, изложувачи од општина Лебане, Србија. Намерата ни е догодина фестивалот да се одржува два или три дена што уште повеќе ќе ја поттикне локалната економија, вели Николче Мисоски, градоначалник на Кривогаштани.

Фестивалот ги поттикнува пласманот, производството и развојот на локалната економија во Кривогаштани и регионот.

– Иницијативата на сите жители на Кривогаштани е фестивалот да прерасне во традиција, посебно со препознатливата црвена пиперка – ајварка – „капија“. Идејата е да се промовира потенцијалот на општина Кривогаштани, да се промовира производството на локалните земјоделци, агро-секторот, вели Марина Тошеска од здружението „Лаг Агролидер“- Прилеп. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бугаријаизвозкривогаштануоткупна ценапиепрки
Претходен напис „Нелкоски Органик Фуд“ продолжува со потпишување на долгогодишни договори за откуп на ЛЕШНИК!
Следен напис Што треба да направите за да бидете корисник на земјоделски субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?