Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шпанската провинција Екстремадура нуди до 15.000 евра за преселба во областа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шпанската провинција Екстремадура нуди до 15.000 евра за преселба во областа
Агровести

Шпанската провинција Екстремадура нуди до 15.000 евра за преселба во областа

Објавено 31/08/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Локалната власт на шпанската провинција Екстремадура објави дека нуди до 15.000 евра на заинтересираните да се преселат во областа најмалку две години.

Оваа автономна покраина, која ја има една од најмалите популации во Шпанија, издвои два милиони евра за да поттикне 200 дигитални номади и работници од далечина да се преселат во регионот, објави „Си-ен-би-си“.

Владата на Екстремадура наведува дека оваа финансиска поддршка е наменета „за домување, обработливо земјиште и сè друго што е потребно за да се забрза нивното пристигнување“

Шпанските власти соопштија дека пријавувањето се очекува да биде отворено во септември и пријавите ќе може да бидат поднесени онлајн.

Условите за заинтересираните се да не живееле во Екстремадура во последните шест месеци, да имаат легален престој во Шпанија и странски матичен број, како и да работат од далечина во технолошката индустрија.

Таа акција на локалната власт е дел од програмата за повторно населување наречена „Живеење во Амброс“ (се однесува на долината Амброс во провинцијата Касерес, која се наоѓа во областа Екстремадура).

Во соопштението се наведува дека долината е „еден од регионите кои страдаат од трајно губење на население и услуги“.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:еврапокраинаРурален туризамшпанија
Претходен напис (ФОТО) Љубовта кон градината Марина си ја однесе и во Франција, сади пипер, домати, марули, но и многу цвеќиња: Се чувствувам среќно
Следен напис Овие 3 знаци на Зодијакот добиваат космички поттик – Есента им носи изобилство и финансиски успех!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?