Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Собрани над 160 тони мртви риби од крајбрежјето кај грчкиот град Волос
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Собрани над 160 тони мртви риби од крајбрежјето кај грчкиот град Волос
Агровести

Собрани над 160 тони мртви риби од крајбрежјето кај грчкиот град Волос

Објавено 30/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За два дена, над 160 тони мртви риби биле отстранети од крајбрежјето кај грчкиот град Волос и со помош на чамците изнајмени од периферијата Тесалија, интензивно продолжува чистењето на плажите, додека обвинителката од Врховниот суд на Грција нареди спроведување итна истрага, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од периферијата, објавени од грчките медиуми, во акцијата на чистење на заливот кај Волос интервенираат четири брода и седум рибарски чамци.

За случајот со големиот број угинати риби, обвинителката на Врховниот суд на Грција Георгиа Аделини наредила спроведување на итна прелиминарна истрага со цел да се истражи, меѓу другото, дали и од која причина била отворена браната што води до тунелот, кој е единствениот излез за водите од целата рамнина во регионот на Лариса и езерото Карла до заливот Пагаситикос, каде и што се појавија мртвите риби.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека појавата на милиони мртви риби од езерото Карла, „според експертите, не претставува опасност за јавното здравје и не е нов“, а се должи на „илјадниците тони вода од Карла и околните места кои секојдневно преку потокот Ксирија се излеваат во заливот Пагаситикос и повлекуваат илјадници слатководни риби, кои штом ќе дојдат во контакт со морската вода, умираат“. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:160 тониВолоскрајбрежјетомртви рибиСобрани
Претходен напис Во Лесковац испечена најголемата плескавица во светот – тешка е 86,4 килограми
Следен напис Дератизација против глодари во Вевчани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?