Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намалена површината на вештачкото езеро што е еден од главните извори за водоснабдување на Атина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намалена површината на вештачкото езеро што е еден од главните извори за водоснабдување на Атина
Агровести

Намалена површината на вештачкото езеро што е еден од главните извори за водоснабдување на Атина

Објавено 27/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За 15 до 20 отсто во однос на просечната вредност од 2010 година е намалена површината на вештачкото езеро Морнос во централна Грција, што претставува еден од главните извори за водоснабдување на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Според сателитските податоци и мерења на единицата Метео на Националната опсерваторија во Атина, во последните месеци има намалување на површината на вештачкото езеро поради сушата, високите температури, но и многу благата зима со ограничени врнежи од снег на планините.

Сателитските податоци, како што пишува Метео покажуваат дека пред две години, на 16 август 2022 година вкупната површина на езерото била околу 16,8 километри квадратни, лани, на 21 август била околу 15,3 километри квадратни, додека пак оваа година, на 20 август површината на езерото била проценета на околу 12,0 километри квадратни.

-Во конкретниот временски период, површината на езерото се намали за 15-20 отсто во однос на просечната вредност од 2010 година. Површината на вештачкото езеро Морнос во конкретниот временски период се смета за една од најмалите од 2010 година од кога постојат сателитски набљудувања со многу висока резолуција, пишува во анализата на Метео и Националната опсерваторија.

Езерото Морнос е вештачко езеро од 1979 година по завршувањето на браната на реката Морно, изградено за да ги задоволи постојано зголемените потреби за водоснабдување на Атина.

За опасноста од можен недостиг на вода во областа Атика, поширокиот регион на Атина, портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, на вчерашниот брифинг со новинарите рече дека се работи на план за решавање на големиот и постоечки проблем.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Атинавештачкото езероводоснабдувањеизворинамалена
Претходен напис Следните денови нестабилно, со пороен дожд и грмежи
Следен напис Од четврток попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?