Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети, денеска се сретна со првите луѓе на ЈП Агро Берза и на Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ).
Согледувањето на состојбите во институциите кои се поврзани со секторот земјоделство е важно за да се утврдат приоритетите и активностите во следниот период. Токму затоа се и овие средби со првите луѓе на институциите со кои се најавува и заедничка соработка и делување.
-Денеска имав чест да остварам средба со директорката на Државната фитосанитарна лабораторија, проф. Д-р. Сузана Кратовалиева со која разговаравме за лабораториските услуги и квалитетот што го нуди оваа лабораторија како и за натамошното унапредување на лабораторијата.
Напредни и квалитетни лабораториски услуги за дијагностика и одредување на штетни организми, биолошко тестирање, испитување на физичките и хемиските својства на производите за заштита на растенијата, остатоците од пестициди во растителното производство, анализа на семиња и саден материјал, земање мостри од семиња и параметри за одредување на квалитетот на земјоделски производи ќе ни биде приоритет да имаме најквалитетните земјоделски производи на пазарот – напиша на ФБ, Беџети.

Со г-дин Мевлудин Авдиja, разговаравме за формирањето и можностите на земјоделската берза како и за политиката за деловна соработка со странски партнери и нивно активно учество во работата на берзата – информира Беџети.
