Зголемената поддршка во добивање на финални производи со додадена вредност во земјоделството беше една од клучните заложби во изминатите години. Оттаму, беа превземени јасни чекори кон обезбедување на финансиска поддршка за проширување и модернизација на постоечките и изградба на нови преработувачки капацитети преку државно и европско финансирање (ИПАРД) – пишува на ФБ поранешниот директор на АФПЗРР.
Следствено на тоа еве ги и резултатите ![]()
Македонските прехранбени компании извезле 18.400 тони преработки од овошје и зеленчук во вредност од 40.5 милиони евра во првите 6 месеци од 2024 година.
Вредноста на извозот и извезените количини бележат раст во споредба со претходните години.
Во првата половина од годината е остварен суфицит од 11 милиони евра. Извоз > Увоз
Минатата 2023 суфицитот изнесувал 34 милиони евра.
Извозот остварен во 2023 е најголем во последните 10 години.
Извор : Државен завод за статистика
Фејсбук статус на Никица Бачовски – поранешен директор на АФПЗРР.
