Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во текот на вчерашниот ден најмалку десет пожари во Грција биле предизвикани од громови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во текот на вчерашниот ден најмалку десет пожари во Грција биле предизвикани од громови
Агровести

Во текот на вчерашниот ден најмалку десет пожари во Грција биле предизвикани од громови

Објавено 19/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во текот на вчерашниот ден во Грција избувнале 44 нови пожари, од кои најмалку десет биле предизвикани од громови на голема надморска височина, соопшти, преку социјалните мрежи, министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежниот министер, објави мапа со пожарите во земјата, и истакна дека напорите за гаснењето на огнената стихија предизвикана од громови „беа многу отежнати“, им се заблагодари на пожарникарите, волонтерите и локалните власти и апелираше сите да бидат внимателни „бидејќи во следните денови се очекуваат временски појави со интензивни молњи“.

За шумскиот пожар што вчера избувна во близина на грчкиот град Литохоро во областа Пиериа и поради ветерот брзо се прошири, предизвика материјална штета на една куќа, а превентивно беше евакуирано и населено место, доцна синоќа истражни службеници на противпожарната служба уапсија едно лице.

Како што соопштија, станува збор за странски државјанин кој запалил сува трева на нива за време на вршење на земјоделски работи и го предизвикал пожарот, но и ја прекршил законската регулатива, по што му е изречена административна казна од 2.767 евра.

Промената на времето, обилниот дожд и невремето, во одредени области на Грција, особено во северниот и северозападниот дел доцна синоќа, предизвикаа проблеми, но и поплави, а најпогоден беше градот Јанина, каде што улиците се претворија во реки. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вчерашниот денгромовигрцијадесет пожарипредизвикани
Претходен напис На Табановце зголемена фреквенција на возила
Следен напис Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?