Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кочоска: Ќе има транспарентен отчет за сите добиени кредити
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кочоска: Ќе има транспарентен отчет за сите добиени кредити
Агровести

Кочоска: Ќе има транспарентен отчет за сите добиени кредити

Објавено 16/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Домашните компании со интерес го чекаат финалниот концепт на критериуми и услови со кои ќе може да аплицираат за кредитната линија од 250 милиони евра најaвени како поддршка за македонската економија, а најавени под истите услови со кои владата ќе зема заем од Унгарија –  3,25% камата, три години грејс период и 12 години рок на отплата или вкупно 15 години. Досега низ изјави на владини претставници пред медиумите беа презентирани одредени првични информации околу условите, а прв ги навести премиерот. 

„Обврската ваша како бизнис, е барем уште толку да имате средства, коишто на овие 250 милиони вие ќе ги инвестирате. Тоа се половина милијарда инвестиции. Да обезбедите годишно најмалку 5.000 нововработени, и да обезбедите раст на вашето производство 5% над стапката на инфлација“,  најави Мицкоски во средината на јули.

ДВ ѝ испрати на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска повеќе прашање поврзани со кредитната линија – кои фирми ќе може да аплицираат, под кои услови, преку кого ќе се пласираат парите, кој ќе ја врши контролата? 

„Овие кредитни линии ќе бидат наменети за производствени компании независно дали пласманот е за домашниот пазар или за извоз“, вели министерката. 

Притоа ги наведува условите што тие треба да ги исполнат.

„Да се производствени компании коишто имаат намера да инвестираат во опрема со помош на којашто ќе ја зголемат продуктивноста. Притоа една од обврските коишто компаниите треба да ја исполнат е да имаат поголемо количинско производство за 5% над инфлацијата. Односно ако инфлацијата е 2% тоа значи дека количинското производство треба да биде најмалку 7%“, вели министерката.

По прашањето кој ќе ги одредува критериумите кој може да аплицира, Кочоска објаснува: „Во договорите коишто ќе се склучат помеѓу Развојната банка и комерцијалните банки ќе бидат наведени сите критериуми. Секако дека тие претходно ќе бидат одобрени од Владата”.

Најавената поддршка од 250 милиони евра  за домашните компании е дел од вкупно 500-те милиони евра заем од Унгарија, договорен во рамки на „специјалната економска соработка“ воспоставена  меѓу македонската и унгарската влада. Мицкоски најави дека Законот за ова задолжување ќе се носи низ транспарентна постапка. Ќе има ли и транспарентен отчет за тоа кои фирми ќе ги добијат јавните пари?

„Парите ќе се пласираат преку комерцијалните банки коишто ќе потпишат договор со Развојната банка. Секако дека ќе биде транспарентна постапката, како во однос на банките коишто ќе учествуваат, така и во однос на компаниите коишто ќе ги добијат овие кредити“, вели министерката за финансии. 

Извор: ДВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:250 милиони евракочовскакредитунгарија
Претходен напис Мицкоски: Со повисока откупна цена на грозјето да ги стимулираме земјоделците
Следен напис Поднесено обвинение за три лица за намерното предизвикување пожар кај Патишка Река
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?