Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пожарникарот Ване Андрев од Кавадарци роденденот го минува на пожар во Пехчевско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пожарникарот Ване Андрев од Кавадарци роденденот го минува на пожар во Пехчевско
Агровести

Пожарникарот Ване Андрев од Кавадарци роденденот го минува на пожар во Пехчевско

Објавено 13/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарникарот Ване Андрев од Кавадарци не можеше поинаку да го одбележи денешниот ден кога полни триесет години затоа што во моментов роденденот го минува во учество при  гаснење на пожар во Пехчевско. МИА го контактираше кратко по телефон. Поразговаравме додека земаше здив и правеше мала пауза при работата. 

– Точно е, денес полнам триесет години. Наместо да славам со семејството и најблиските, веќе втор ден сум во Пехчевско, каде што ние кавадаречките пожарникари дојдовме на помош за да помогнеме го гаснењето на пламените јазици. Убаво е да бидеме вака заедно со колеги, но во други услови, без грижи околу пожар и околу тоа колку нечија несовесност може да ни земе од прекрасната природа, рече Андрев.

Околу три седмици ова лето учествувал во гаснење пожари на различни локации. Според денешната агенда за работни задачи, бил задолжен да го вози противпожарниот камион и да пушта пумпа со која се доставува вода за гаснење на пламени јазици во Пехчевско. 

– Само да успееме да ги изгаснеме сите пожари, за роденденот лесно е, ќе го прославиме другпат. На човек не му е ниту до славење роденден кога знае дека беснеат пожари. Апелирам до сите луѓе за внимателност, да не се дозволи оган да ни го голта богатството што нема цена, подвлече тој. 

Марјан Митриновски од Пехчево е заслужен што дознавме за роденденот на Андрев.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ване АндревкавадарциПехчевскопожарПожарникаротроденденот
Претходен напис Борче Коцев – нов командир на Шумската полиција во Велес
Следен напис Сточари повикани на итен состанок во АХВ – да се спречи ширењето на болеста чума кај малите преживари која ја има во регионот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?