Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти кои ќе се реализираат, а не кон корупција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти кои ќе се реализираат, а не кон корупција
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти кои ќе се реализираат, а не кон корупција

Објавено 13/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Капиталните расходи со Ребалансот на Буџетот за 2024 година не се засегнати. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.

„Кога ќе ги погледнете бројките може да видите дека износот е ист. Сега нема средства за корупција и криминал, туку има точно средства наменети за реализација на проекти, пари коишто ќе се наменат за проекти коишто имаат додадена вредност. Капиталните проекти остануваат и понатаму. Направена е пренамена на средства од оние капитални инфраструктурни проекти со послаба реализација кон општините, затоа што знаеме дека  има готови проекти кај сите општини и коишто ќе може да се реализираат. Ние не можеме да чуваме средства за капитални инвестиции за нешто што нема да се реализира“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека аванси без никаква реализација нема да бидат исплаќани, туку дека ќе се плаќа врз основа на реализација.

„Илузорно е да планирате 250 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д во ситуација кога не можете да завршите експропријација, имате еден куп проблеми, кога не ја знаете трасата, односно кога знете дека нема да ги реализирате и тие на крајот на годината ќе завршеа во некои коруптивни зделки“, истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра и дека веќе се работи на тоа проектот да почне да се реализира, да се гради и да е плаќа врз основа на завршени работи и ситуации.

Во интервјуто министерката се осврна и на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, за растот на платите, за нивото на јавниот долг, како и за реализација на проектите од железничката инфраструктура.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Димитриеска-Кочоскакапиталните расходипроектиребалансот
Претходен напис Македонско еколошко друштво: Недостасува центар за рехабилитација на диви животни
Следен напис Директорот на Паркови и зеленила даде оставка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?