Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска Кочоска: Минималната плата да се утврдува врз реална основа, линеарното зголемување на пензиите е најдобриот модел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска Кочоска: Минималната плата да се утврдува врз реална основа, линеарното зголемување на пензиите е најдобриот модел
Агровести

Димитриеска Кочоска: Минималната плата да се утврдува врз реална основа, линеарното зголемување на пензиите е најдобриот модел

Објавено 12/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Крпење на дупките, вака вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска го нарече ребалансот на Буџетот за 2024 година што денеска, по предлог на Владата, беше донесен од Собранието.

Како што оцени Димитриеска Кочоска во Дневникот на ТВ Сител, со иницијалниот Буџет не било планирано она што било законски, а со ребалансот, предвидено е не само тоа, туку и сервисирање на многуте доспеани обврски. Има пари, рече, за плати, пензии, како и средства за општините.

Министерката смета дека линеарното зголемување на пензиите е најдобриот модел, а минималната плата и нејзиното покачување, треба да се утврдува, како што рече, правилно, врз реална основа. 

За коридорите 8 и 10, повтори дека двата проекта не може паралелно да се тераат. Можеби за две-три години ќе може да се вклучи Коридорот 8 кој засега за нас нема додадена вредност, а Коридорот 10, нагласи, за бизнис секторот е  многу поважен и притоа, обврска и приоритет на власта е на компаниите да им излезе во пресрет.

На прашањето за „Бехтел и Енка“, Димитриеска Кочоска одговори дека за следната година се предвидени 250 милиони евра.  

-Во однос на минималната плата и нејзиното зголемување, треба реално да ја гледаме работата. Лично би сакала на сите да им се зголемат платите. Но, кога ги поставувате работите, треба да бидат на реална основа. Мора да работиме на правилно утврдување на минималната плата што значи поголема продуктивност. Мора работите да ги гледаме на долг рок. Во однос на пензиите, сега најмногу ќе добијат оние со најниски пензии од 13 000 – 13 500 денари. Ќе одиме со линеарно зголемување во септември и март, а потоа се враќаме на старата метоодоглоија. Ако лично мене ме прашувате, јас сум за линеарен раст на пензиите, подвлече Димитриеска Кочоска. 

Осврнувајќи се на долгот, нагласи дека веќе не постои ризик за кредитниот рејтинг на државата.

-Вкупно 181 милион евра е долгот што ние го правиме заради куп допсеани обврски кои не беа ниту пријавени, истакна министерката. 

Таа се осврна и на Законот за зголемување на фукционерските плати кој, потсети, го донесе претходната власт. Предложи да се донесе закон за намалување на платите на функционеирите, сите да ги вратат парите што досега ги добиваа по основ на зголемени функционерски плати и оние што земаат, да престанат со апанажа. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:буџетвлададимитриевскаплатаребаланс
Претходен напис Собранието го донесе ребалансот на Буџетот
Следен напис Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство во контролна посета на „Тиквеш“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?