Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: А ние на кого да се јавиме нешто да ни интервенира?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > А ние на кого да се јавиме нешто да ни интервенира?
Агровести

А ние на кого да се јавиме нешто да ни интервенира?

Објавено 06/08/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во морето од вести деновиве се издвојуваат, како што ќе речат некои, информации за само неколку поединци кои прават проблеми и неколу ударни вести: за пожарите, за гужвите на граничните премини и за скенирањeто на мобилниот телефон на косовската претседателка.

Неколку години по ред, пожарите ја пустошат земјава секое лето. Горат шуми, куќи, настрада и човек, диви животни… не им се знае бројот, да потсетам и за оние луѓе кои останаа без своите живеалишта, птици без гнезда… Освен Стојанче Ангелов, кој редовно информира од терен, не видовме некој да се загрижи и да излезе со стратегија како ова повеќе да не ни се случува, особено не, лично да се заангажира да се купи опрема против пожари. Де хеликоптери немаме, де пилоти, де нема кој да координира…

Најмалку пак некој започна или се приклучи кон некоја иницијатива за донации (освен граѓаните) и тоа не само да се надомести штетата и храна и вода, туку да се опремат пожарникарите барем за следната година, ако не и за оваа, со нова и современа опрема против гаснење на пожар. Не само ракавици, палта и маски за ковид, туку возила, ако може и противпожарни, пумпи, црева, резервоари за вода… Нема таква активност, нема такви вести.

Гужвите на граничните премини исто така се главна ударна вест секое лето, речиси секој ден. Де Богорица, де Дојран, де Табановце… кај и да е ќе почне и Ќафасан. Илјадници и илјадници луѓе секоја година по 1 до 7 часа, некогаш и повеќе, губат време, живци и пари на граничните премини, странските туристи исто така ја паметат земјата како некој хорор филм со гранични премини, прво да влезат, потоа да излезат. Заглавени во автомобилите, децата им плачат, сите се гушат во издувни гасови, вријат, автомобилите им се расипуваат… Не ова веќе не е буре барут, туку гасни комори на 50 степени. А бре сенка да им направеа на луѓето, дрва да посадеа…

Никаква иницијатива да се прошират граничните премини, да се отворат нови, да се контактираат соседите на високо ниво, да се направи некаков договор барем во летниот период, луѓе кои тргнале на одмор да не се малтретираат на граница, по цела година работа, едвај две недели им дале одмор, од 6 дена на море два дена на нашите граници им поминуваат, да се направи барем да не ги губат тие 10 саати на граница, каде што ништо посебно не се случува, само се гушат, вријат, шират апели за лош однос и никој не ги слуша. Третирани како бројка, толку и толку луѓе поминаа, два дена од платен одмор им се помнати на граничен премин… Никому не му е грижа. Што тргнале натаму, те им тука златни езера, реки…

И на крај ударна вест, телефонот на косовската претседателка, „триста“ интервенции, фрчат соопштенија, па толку многу внимание, па меѓусоседски скандал?! Па да помислиш дека на аеродром кога треба да патуваш со авион кој знае низ каков скенер треба да поминеш, па дури и да не го дадеш телефонот, оти си бил претседател? Во климатизирани услови, со лично обезбедување, полиција и мир.

Ајде да преброиме колку луѓе и во што најмногу страдаат?

-Во пожарите;

-На граничните премини;

-Во скопскиот аеродом при скенирањето на телефонот на косовската претседателка, како што се скенираат телефоните и на сите патници?

Да, да. Не е важно колку поединци направиле проблем, туку колку луѓе настрадале во тие проблеми. Ако воопшто некому нешто му е важно во оваа држава и сака да направи нешто добро, прво нека се запраша колку луѓе и од што страдаат.

П.С. За телефонот лично се ангажирал претседателот на Собранието, се ангажирале и МНР и МВР, а при следното доаѓање на претседателката на Косово, за телефонот лично ќе се заангажира и премиерот. Ниту еден телефон досега не настрадал во процесот, па останува да видиме што е со пожарите и граничните премини? Ќе се јави ли некој да интервенира?! На кого?

Анета Тасова

Извор: Бриф

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:анетаколумналуѓепожарипретседателка
Претходен напис Владата го именува Ромео Тренов за директор на Управата за водостопанство
Следен напис Сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?