Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелов до земјоделците: Немојте со плински боци да ги бркате птиците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангелов до земјоделците: Немојте со плински боци да ги бркате птиците
Агровести

Ангелов до земјоделците: Немојте со плински боци да ги бркате птиците

Објавено 05/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Уреди со плинска боца што произведуваат звуци за да ги бркаат птиците кои го уништуваат родот на земјоделските посеви, се сериозна опасност да предизвикаат пожари на отворено, кои потоа се шират со огромна брзина и зафаќаат шумиски предели.

Од Центарот за управување со кризи велат дека потврден е ваков случај и ги повикуваат земјоделците да запрат со овие активности во време кога државата се соочува со огнени стихии и со месеци се вложуваат натчовечки напори за справување со пожарите.

-Имаме потврден случај кога дошло до експлозија на плинската боца од која уредот зема плин за да ги испушта пукотниците. Притоа се појави пожар, кои поради брзата интервенција на пожарникарите беше совладан и не се претвори во голем пожар – рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Исто така, од Центарот предупредуваат на опасноста од соголените или олабавени жици на електричните столбови, кои можат да бидат причина за искрење и пожари, посебно во селата и викенд населбите, кои ретко се населени.

Во меѓувреме, додека се бараат причините за пожарите кои проголтаа илјадници хектари шуми, имоти и куќи на граѓаните, постојано се разгоруваат нови. Во текот на денот под контрола е ставен пожарот над Косел Охридско, каде од утрово се делуваше и од земја и од воздух, но неповратно е изгорена голема површина дабова и борова шума.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:земјоделциплински боципожариптици
Претходен напис Трипуновски најавува турска компанија која ќе инвестира во производство, откуп и преработка на лешник
Следен напис Трипуновски: Откупот на црвената пиперка е со нормален тек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?