Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Активни пожари во Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, Студеничани и Пробиштип
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Активни пожари во Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, Студеничани и Пробиштип
Агровести

ЦУК: Активни пожари во Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, Студеничани и Пробиштип

Објавено 05/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 29 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на вчерашниот ден, од кои 21 се изгаснати, а три се ставени под контрола. Активни се пет пожари, во општините Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, во месноста викана Темна бука во Студеничани и Пробиштип, информира денеска Центарот за упрување со кризи (ЦУК). 

Под контрола се ставени пожарите во Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила, во Општина Богданци, кај месноста викана Погана кон ветерен парк Богданци и во Општина Пласница, кај село Латово.

ЦУК соопшти дека е изгаснат пожарот кај село Подареш, Општина Радовиш и во Општина Кочани кај селото Пресека. Два пожара се изгаснати на територија на Општина Босилово, кај селото Иловица и кај селото Моноспитово, во Општина Свети Николе, кај Патетино, во Општина Македонска Каменица, кај село Дулица.

Во скопскиот регион изгаснати пожари има во село Студеничани, општина Студеничани, во селата Раштак и Булачани во општина Гази Баба.

Изгаснат е пожарот во Општина Битола, кај „Кромберг и Шуберт“ и кај селото Лопатица, во Општина Прилеп, кај Селце и кај Метеоролошката станица. Три пожари се изгаснати на територија на Општина Липково, кај селата Слупчане, Отља и Матејче, во Општина Кичево, кај Комуналец – Кичево, во Општина Гостивар, кај автопат Гостивар – Тетово, во Општина Чешиново-Облешево, кај село Теранци и во Општина Куманово, кај селата Четирце и Љубодраг. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГевгелијаДемир ХисарМакедонски БродпожариСтуденичаницук
Претходен напис Истражување: Ноќното улично осветлување ги прави лисјата нејадливи за инсектите
Следен напис До крајот на неделава сончево и топло до 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?