Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци ги објави откупните цени на винското грозје за овогодинешната реколта. Лозарите реагираат дека цените се ниски и не им ги покриваат ниту трошоците за производство. Од Националната земјоделска мрежа предлагаат итна средба со ресорниот министер и изнаоѓање на решение за проблемот со ниската откупна цена на грозјето.
Почитувани лозари
Како што предупредувавме дека престои масовен грабеж на лозарите за жал нашите укажувања се остварија. Денес најголемата винарија Тиквеш Кавадарци согласно Законот за вино излезе со откупните цени на винските сорти грозје за винската година 2024 година. Ние како Национална земјоделска мрежа остро се спротивставува е на понудените мизерни цени што неможат да ги покријат ни производните трошоци, а камо ли да обезбедат минимална економска добивка Истовремено упатуваме јавен апел до ресорното министерство за земјоделство и до министерот Трипуновски под итно да се организира средба со лозарите и да се согледа целокупната ситуација. Да се понудат и изнајдат алтернативни решенија за да се спречи овој берамен грабеж на лозарите. Националната земјоделска мрежа секогаш е и ке биде со индивидуалниот земјоделец и ке продолжи со борбата за чесен и достоинствен живот на секој земјоделец во државата.

