Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Главен приоритет и примарен интерес на Владата е македонските компании да растат, стоиме целосно на услуга на бизнисот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Главен приоритет и примарен интерес на Владата е македонските компании да растат, стоиме целосно на услуга на бизнисот
Агровести

Главен приоритет и примарен интерес на Владата е македонските компании да растат, стоиме целосно на услуга на бизнисот

Објавено 29/07/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изјава на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по средбата со претставниците на Стопанската комора на Северо- Западна Македонија:

Благодарам претседателе, имавме денес навистина содржаен состанок со комората на Северо-Западна Македонија и мислам дека со сите предизвици со кои што компаниите се соочуваат бевме запознаени.

Наш главен приоритет и примарен интерес е македонските компании да растат. Зашто е тоа интерес- затоа што колку тие побрзо ќе растат, колку по робусно ќе растат толку повеќе приходи ќе имаат во самиот буџет, а колку повеќе приходи ќе имаат толку повеќе инвестиции ќе има во образованието, во здравството ќе има повисоки плати, повисоки пензии, во земјоделието, во културата, во спортот, во инфраструктурата итн.

Како влада се насочивме жестоко да работиме заедно со македонската економија, со компаниите и да ги помагаме тие побргу да растат. И во таа насока денеска разговаравме за оној заем кој што веќе го земавме, од половина милијарда евра односно заем за кој што имаме согласност заедно со унгарската влада, којшто сега треба да биде официјално и потпишан, потоа преку закон да биде и ефектуиран во рамките на парламентот и како сето тоа ќе функционира за поддршка на економијата; условите се тие 3,25 % фиксна каматна стапка, 15 години , 3 години грејс период 12 години рок на отплата. Тоа што државата го зема, тоа го дава на стопанството.

Сега ќе видиме во следна фаза ќе отвориме разговори со комерцијалните банки да видиме дали како опција тамо ќе се пласира или ќе се пласира на друг начин но важно е дека не сакаме да биде оптеретен овој кредит со дополнителни услови бидејќи цениме дека е поволен, на пазарот е можеби со два пати поповолни услови од она што може да се обезбеди од комерцијалните банки и цениме дека на овој начин можеме да го помогнеме стопанството.

Втора поента се и тема којашто ја разговаравме и во тој контекст би сакал да кажам се и инфраструктурните проекти и каква е иднината и какви се нашите планови.

Од страна на комората на Северо-Западна Македонија, беше исто така потенциран фактот околу минималната плата се зборуваше и за земјоделието, ценам дека беше исклучително плодна дискусијата.

Мојата порака, пораката на владата е дека треба заедно да работиме и дека како Влада сме целосно на услуга на бизнисот. Бизнисот е тој кој треба да иницира, да предлага, заедно во еден дијалог тие работи да ги надминуваме.

Не ја имаме таа пракса од претходните влади во свечената сала во рамки на зградата на владата да ги собереме сите комори и тамо сега да кажеме половина саат што мислиме и да си заминеме, затоа ние идеме кај коморите.

Ќе продолжиме да идеме, да разговараме да слушаме идеи и тоа да го решиме. Ќе повторам, прв и основен приоритет е да обезбедиме повеќе пари во буџетот затоа што ваков каков што е тој е, ограничен е. Како тоа ќе го направиме ? Доколку коморите и компаниите и економијата се поуспешни. Колку се тие поуспешни толку ќе има повеќе средства за сите други области коишто се потребни.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бизнис секторкомораМицкоскисеверо западна Македонијасредба
Претходен напис Фадил Асани е новиот заменик директор на АФПЗРР
Следен напис Мицкоски: Во нашата програма беше најавен проектот ниски даноци, прв ќе биде данокот на добивка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?