Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Каракашев: На прагот сме на нов безмилосен грабеж на лозарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Каракашев: На прагот сме на нов безмилосен грабеж на лозарите
Агровести

Каракашев: На прагот сме на нов безмилосен грабеж на лозарите

Објавено 27/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На прагот сме на нов безмилосен грабеж на лозарите, вели вечерва Ѓорѓи Каракашев, претседател на Национална мрежа на земјоделци, во соопштението да јавноста. Тој нагласува дека пред почеток сме на нов предизвик и нова неизвесност поврзана со откупот на винското грозје. Притоа додава дека како Национална земјоделска мрежа според статутот се обврзани да ги штитат правата и интересите на индивидуалните земјоделци. Во ова прилика, додава, посочува на законските одредби од Законот за вино, што, според нив, е на директна штета на лозарите. 

Според член 3 точка 33, винската година започнува на 1 август и завршува на 31 јули наредната година. Според член 21 Министерството за земјоделие најдоцна до 15 јули во тековната година утврдува производна цена за најмалку две најзастапени сорти винско грозје. Според член 23 цената на винското грозје се утврдува врз основа на утврдени шеќерни единици и сите винарии и трговци се должни најдоцна до 1август да ги истакнат откупните цени по шекерна единица за секоја сорта винско грозје. Најголемата манипулација во Законот за вино е во загарантираната цена која мора да биде 25% над производната цена утврдена од научни истражувачка институција, истакнува тој.

Истовремено, вели, на откупувачите на винско грозје според член 20, им се дозволува исплатата на откупеното грозје да се изврши во три рати.

Првата рата да биде исплатена во процент од 20% најдоцна до 15 декември во тековната производна година. Втората рата во висина од 40% да се исплати до 15 февруари наредната година. Третата рата во висина од 40% најдоцна до 30 април наредната година. Според приложените законски одредби, повеќе од јасно е дека во прашање е еден дискриминаторски закон, каде лозарите се обесправени и се дозволува можност за злоупотреби и безмилосен грабеж на лозарите. Ние како Национална земјоделска мрежа  решително ке застанеме во одбрана на лозарите, се вели во соопштението. 

MИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:априлбербагроздобердекемврилозје
Претходен напис Лозарите ја очекуваат гарантираната производна цена на винското грозје која согласно законот за вино требаше да се донесе до 15 јули
Следен напис Светскиот ден на заштита на природата со низа активности одбележан во парк-шумата Гази Баба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?