Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Топ Тема на ТВ Телма говорејќи за тоа како претходната влада неодговорно се однесувала со буџетот на граѓаните истакна дека недостигаат пари за пензионерите и земјоделците.
„Ви кажувам дека фалеа половина милијарда денари за регуларна исплата на пензиите. Ние што направивме? Ние истиот волумен којшто беше предвиден согласно закон само го реструктуиравме за да биде фер. Да не биде процентуално зголемувањето на пензиите, туку линеарно и на тоа качивме плус мислам дека околу 180 милиони денари“, потенцираше Мицкоски.Мицкоски истакна дека според договорот за Коридорот 8 и 10 Д во овој буџет во оваа година календарска биле резервирани 15 милијарди денари, а реализацијата ниту чуда да се случат не може да биде поголема од 6 милијарди затоа што претходната влада преземале обврски коишто не успеале да ги испорачаат и да обезбедат фронт на изведувачите со тоа што ќе ги решат имотно правните односи, односно експропријацијата која за делницата Ќафасан-Требеништа е преземена обврска дека ќе се речи до средината на 2023 година и не е решена ниту 1%, па за да не пропаднат тие пари, дел од нив ќе се искористат за да им се исплати на земјоделците и на вработените во Национални шуми тоа што претходната заборавила да предвиди како и за капитални проекти во општините.
„Ако ја оставиме оваа динамика вака како што е тие 9 милијарди денари ќе пропаднат, резервирани за овој проект. Затоа ние велиме 6 милијарди ќе инвестираме во капитални проекти во општините. Од останатите пари, на земјоделците им се должи 3 милијарди и 700. Ќе вратиме една милијарда и 700 на луѓето коишто ја хранат Македонија и коишто изведуваат да им вратиме една милијарда и 700. Не можеме сите 3 и 700, можеме милијарда и 700. Со идниот буџет којшто ние ќе го правиме до година ќе бидат уште 2 милијарди“, нагласи Мицкоски и додаде:„На луѓето коишто се од национални шуми им треба пола милијарда за да им бидат платени платите. Луѓето немаат 4 месеци плата земено“.
