Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Заедно со НФФ успеавме да креираме мерки и програми кои го подобруваат животот на руралните жени и земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Заедно со НФФ успеавме да креираме мерки и програми кои го подобруваат животот на руралните жени и земјоделците
Агровести

Николовски: Заедно со НФФ успеавме да креираме мерки и програми кои го подобруваат животот на руралните жени и земјоделците

Објавено 22/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ми претставуваше задоволство соработката која ја имав со Национална федерација на фармери – National Federation of farmers – NFF посебно во делот на малите производители, руралните жени и подобрување на нивниот економски и социјален статус како и програмата за школски шеми и здрав оброк во училиштата и градинките. Заедно успеавме да креираме значајни мерки и програми кои го подобруваат животот на руралните жени и земјоделците.

Преку нашата средба и фотографии, се потсетивме на нашата успешна соработка и постигнатите резултати.

Во 2018 беше потпишана Декларација за подобрување на економската и социјалната положба на жените од руралните средини од страна на НФФ, Мрежата за рурален развој, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за труд и социјална политика на Меѓународниот ден на руралната жена и целиот процес беше подржан од UN Women и Шведската организација за развој We Effect Europe.

Во соработка со НФФ, Факултетот за земјоделски науки и храна, UN Women и We Effect донесовме мерка за поддршка на активен женски член во земјоделското стопанство која е дел од Програмата за финансиска поддршка за рурален развој во насока на нивно економско јакнење и на иницијатива на НФФ и моја заложба се отстранија дискриминирачки критериуми (жената да има 1 дете, да е мажена, невработена, да живее на 800 метри надморска височина во населено место со 200 жители) за аплицирање за оваа мерка .

И ова беше храбар чекор со резултат од над 350 склучени и реализирани договори за поддршка до 6.000 евра на руралните жени за инвестиции во набавка на опрема и продажба од праг.

Благодарение на нашата соработка за првпат по 30 години е покрената и иницијатива за решавање на проблемот на породилното отсуство на жените фармери, кои го стекнале статусот на регистриран земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Успеавме да најдеме привремено решение за надоместок за мајчинство после породување за регистрираните индивидуални земјоделки преку Програма за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност. Ова навистина е голема дискриминација за земјоделките и е направен сериозен и професионален чекор за решавање на овој проблем.

Во заедничка соработка со НФФ и невладиниот сектор донесени се програми за поддршка на мали оператори за храна, малите семејни винари, направени се измени во Законот за вино преку кој е дефинирано да се утврдува производната цена на винско грозје по килограм најдоцна до 15 јули во тековната година, воспоставување на школски шеми и поддршка на функционирање на групи на производители.

Ваквите соработки се доказ дека можеме заеднички да дејствуваме преку институциите во соработка со невладиниот сектор во насока на развој на земјоделството и руралните заедници.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски

Може да ви се допадне

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Таг:градинкиЗемјоделциљупчо николовскимеркиниколовскинффпрограми
Претходен напис АХВ спроведе вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа, уништени 8,7 тони небезбедна храна
Следен напис Горивата поевтинуваат од полноќ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?