Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски најавува наскоро исплата на СУБВЕНЦИИ за предадено ЈАГНЕ во кланичен капацитет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски најавува наскоро исплата на СУБВЕНЦИИ за предадено ЈАГНЕ во кланичен капацитет
АгровестиСубвенции

Бачовски најавува наскоро исплата на СУБВЕНЦИИ за предадено ЈАГНЕ во кланичен капацитет

Објавено 19/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според најавите на првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски многу брзо ќе има исплата на субвенции за предадено јагне во кланичен капацитет во висина од 400 денари или вкупно за сите корисници, 80 милиони денари.

-Агенцијата до трезорската канцеларија за реализација ги испрати налозите за исплата на субвенциите за предадено јагне во 2023 година и субвенциите по килограм предадено грозје од реколтата 2023. Тоа се исплатите кои ќе се реализираат во следниот период – изјави за Агротим Бачовски.

Денеска главна вест за земјоделците е исплатата на субвенциите за остварен принос со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион како и поддршката од 5 денари за килограм предаден сончоглед во 2023 како и исплатени субвенции за предадено овошје во преработувачки капацитети – информира директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Исплатени се над 4300 полјоделци со сума од 252.2 милиони денари за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои оствариле минимални просечни приноси и тоа : 3000 кг / хектар со пченица и јачмен, 1500 кг/хектар со сончоглед, 1800 кг / хектар со маслодајна репка и 300 кг / хектар со афион.

Висината на поддршката е 6000 денари за пченица, сончоглед и маслодајна репка, 12000 денари за јачмен и 18000 денари за афион.

Кон 293 лица е извршена исплата во вредност од 14.7 милиони денари за предадено овошје во преработувачки капацитети. Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и кои оствареното производство во периодот од 26 декември 2022 до 25 декември 2023 го имаат предадено во преработувачки капацитети со овошје. Висината на директните плаќања е  денари по килограм.

Извршена е и исплатата за предаден сончоглед во 2023 година. Исплатени се 389 лица со финансиска поддршка од близу 24 милиони денари. Средствата за оваа исплата се обезбедени од Програмата за интервентен фонд за 2024 година.Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои во производствената 2023 година имаат засадени површини со сончоглед, а оствареното производство го имаат предадено во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач во период од 15.08.2023 – 30.11.2023 година.Максималната прифатлива количина на сончоглед е 2500 кг / хектар, а поддршката изнесува 5️⃣ денари по предаден килограм.

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:Исплатајагнекланиченникицапредаденосубвенции
Претходен напис Исплатени субвенции за предадено овошје во преработувачки капацитети
Следен напис Водостопанство Тиквеш : Несовесни го затвориле главниот вентил за наводнување од системот К 1
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?