Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Активни се 13 пожари, изминатото деноноќие имаше 24 пожари на отворено
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Активни се 13 пожари, изминатото деноноќие имаше 24 пожари на отворено
Агровести

ЦУК: Активни се 13 пожари, изминатото деноноќие имаше 24 пожари на отворено

Објавено 18/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека во последното деноноќие имало 24 пожари на отворено, како и дека 13 од нив се сè уште активни, а се гасат и од земја и од воздух со сите летала што се во моментот на располагање и домашни и од другите земји.

Оттаму посочија дека активен е пожарот во неготинското село Калањево каде што гориниско стеблеста шума и грмушки.

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова, како што информираат од ЦУК, денеска во 12:00 часот ќе ги посети припадниците на Армијата кои учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта кај неготинското село Калањево.

Исто така, активен пожар има и во општина Гевгелија, поточно помеѓу селата Негорци и Кованец, каде гори мешана шума, кај селото Штурово во општина Радовиш гори ниско стеблесна шума, во општина Чашка, поточно кај селата Јаболчишта и Дреново врв Лисец гори високостеблеста вегетација, а во општина Росоман кај селата Сирково и Подлест гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

-Во општина Студеничани на место Бегово Поле гори ниска вегетација и шума, во општина Зелениково кај селото Вражале гори ниска вегетација и шума, во општина Штип помеѓу селата Драгоево и Селце на местото Хаџи Реџепи гори ниска вегетација и грмушки, во општина Чашка кај село Габровник префрлен е пожар од село Слепче, каде гори мешана шума и ниска вегетација, а во општина Долнени, поточно кај селата Слепче и Гостиражни гори ниска вегетација и дабова шума, соопшти утрово ЦУК.

Активни се пожарите и во општина Ново Село над село Бадилен, каде гори дабова шума и борова шума, во општина Конче кај село Горни и Долни Липовиќ гори нискостеблеста шума, а во Општина Делчево се уште гори градска депонија.

Од ЦУК информираат дека се изгаснати 11 пожари на отворено, во општините Битола, Крушево, Аеродром, Арачиново, Зелениково, Кавадарци, Росоман, Штип, Пробиштип, Тетово и во Гостивар. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:13 пожариАктивниотвореноцук
Претходен напис Активни пожарите кај Калањево и Сирково 
Следен напис Од утре до средината на следната седмица на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?