Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелов: Пристигнаа романските авиони „Спартан“ и „Херкул“, ќе го гаснат пожарот под Солунска глава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангелов: Пристигнаа романските авиони „Спартан“ и „Херкул“, ќе го гаснат пожарот под Солунска глава
Агровести

Ангелов: Пристигнаа романските авиони „Спартан“ и „Херкул“, ќе го гаснат пожарот под Солунска глава

Објавено 17/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пристигна големиот романски противпожарен авион „Спартан“ кој фрла т.н. водни бомби од повеќе од пет тони. Како логистика, со него во придружба е и авионот „Херкул“. Ќе започнат да дејствуваат набргу во гаснењето на пожарите, изјави денеска директорот на Центарот за упрување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој информира дека утрово, во 5 часот, одржал брифинг со пилотите на хеликоптерите кои полетуваат за да ги изгаснат пожарите ширум земјава. 

– Четири хеликоптери полетаа кон планината Серта. Во општина Радовиш, кај селото Колајево упативме два големи армиски хеликоптери, еден полициски хеликоптер и еден црногорски хеликоптер. Во село Негорци, Гевгелија упативме два словенечки хеликоптери, а во Општина Ново Село, во непосредна близина на границата со Бугарија, упативме еден голем турски хеликоптер и еден голем српски хеликоптер. Но, нешто подоцна поради разгорување на пожарот во Радовишко, во непосредна близина на градот Радовиш, кој може да претставува опасност за борова шума, српскиот хеликоптер го пренасочивме кон Радовиш, појасни Ангелов.

Ангелов нагласи дека на територија на државава имаме уште неколку, како што рече, сериозни и опасни пожари  кои најверојатно ќе бараат воздушна поддршка. Тоа се пожарите на територија на општините Чашка, Долнени, Студеничани, Зелениково и под Солунска глава.

– Пожарот под Солунска глава се одвива на исклучително тешко пристапен терен, а и на поголем дел непристапен терен. Таму ќе го упатиме романскиот „Спартан“, кој во еден налет ќе фрли пет тони вода, па потоа ќе одлучиме што понатаму, изјави Ангелов. Додаде дека за овој авион е карактеристично тоа што на местата каде ги фрла водните бомби не треба да има луѓе, односно пожарникари, зошто тие претставуваат опасност за нив. 

Директорот на ЦУК потенцира дека во овој момент нема опасност за ниту едно населено место, а целата состојба е под контрола. 

– Даваме се од себе. Покрај трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), два армиски хеликоптери, еден полициски хеликоптери, на кој најверојатно денес ќе му се придружи и втор полициски хеликоптер, рече Ангелов. Потсети дека досега на помош во гаснењето на пожарите пристигнаа два словенечки хеликоптери, еден хрватски канадер, кој ќе се приклучи во гаснењето на пожарот на планината Серта и веќе полета, и по еден хеликоптер од Црна Гора и од Србија.

Во гаснењето на пожарите од земја се вклучени поголем број на пожарникари, 100 припадници на Армијата, 30 припадници на полицијата.  Додаде дека пожарите се на тешко пристапен терен и затоа се фокусирани во нивно гаснење од воздух. 

– Голема благодарност до сите пријателски држави кои со своите летала помагаат да се справиме со огнената стихија која ја зафати државата последната недела, рече Ангелов.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ангеловпожаротроманските авиониСолунска главаСпартанХеркул
Претходен напис Владата до Собранието достави предлози за заменици – министри
Следен напис Следните два дена многу топло, во петок и викендов со локален проен дожд и благ пад на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?