Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со четири хеликоптери и ер трактори се гасне пожарот на планината Серта од неготинска страна 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со четири хеликоптери и ер трактори се гасне пожарот на планината Серта од неготинска страна 
Агровести

Со четири хеликоптери и ер трактори се гасне пожарот на планината Серта од неготинска страна 

Објавено 16/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во моментов четири хеликоптери и ер трактори вршат гаснење на пожарот и од воздух, на планината Серта од неготинска страна. Пожарот што избувна во средата околу 10.30 часот е се уште активен и денеска се гасне од земја и воздух. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов во изјава за МИА нагласи дека се прават максимални напори за справување со пожарот. 

– Пожарот што деновиве е активен на подрачјето на општина Неготино ги интензивира активностите. Од раните утрински часови екипи на ТППЕ Неготино, ТППЕ Кавадарци, припадници на АРМ, ОВР Неготино, припадници на ЕБР како и претставници на Македонија пат интензивно работат на расчистување на дрвјата од двете страни на патниот правец Неготино – Штип, со цел спречување на поголемо проширување на пожарите, информираше Стојанов.

Кризниот штаб на Неготино синоќа најави најмасовно гаснење на пожарот на Серта од воздух и од земја.  На одржаниот состанок во проширен состав, беа координирани предвидените активности во врска со гаснењето на пожарот на планината Серта. Најавено беше и дека денеска од воздух ќе се дејствува со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци. 

– Кризниот штаб ја обезбеди и потребната механизација за дејствување од терен, соопштија од Кризниот штаб. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ер тракторинеготинска странапожаротСертачетири хеликоптери
Претходен напис Пожарот над Битола целосно ставен под контрола
Следен напис Водата на велешкото езеро „Младост“ е исправна за капење и може да се користи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?