Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан Меморандум за соработка меѓу Факултетот за земјоделски науки и храна и Фондацијата MK2025
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан Меморандум за соработка меѓу Факултетот за земјоделски науки и храна и Фондацијата MK2025
Агровести

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Факултетот за земјоделски науки и храна и Фондацијата MK2025

Објавено 12/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Фондацијата МК2025 и Центарот за дигитална трансформација „Го Дигитал“ потпишаа Меморандум за соработка во делот на едукацијата, образовниот процес, зајакнувањето на соработката со бизнис заедницата, како и размената на искуства, знаења и вмрежување.  

Меморандумот ги опфаќа и можностите за стипендирање студенти кои ќе се запишат на прв циклус студии на сите студиските програми на УКИМ, меѓу кои и оние што ќе се одлучат за новата студиска програма по Дигитално земјоделство на ФЗНХ, достапна за упис од оваа академска година. Стипендиите, во висина од 2 500 американски долари годишно, се обезбедени преку посебна соработка со Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД и Фондацијата MK2025. 

-Овој Меморандум претставува важен чекор во нашата мисија да обезбедиме квалитетно образование и да ги поддржиме нашите студенти во нивниот академски развој. Наша цел е да создадеме услови во кои секој студент ќе има можност да го достигне својот полн потенцијал, без да биде ограничен од финансиските предизвици. Земјоделството е од суштинско значење за нашата економија и општество и сме посветени на тоа да ги поддржиме нашите студенти да станат водечки професионалци во оваа област. Потпишувањето на меморандумот е почеток на многу иницијативи кои ќе следат, насочени кон обезбедување подобри услови за нашите студенти, вели деканот на ФЗНХ Миле Маркоски.

Од Македонија 2025 и „Го Дигитал“ истакнуваат дека оваа соработка е од клучно значење за развојот на дигиталната трансформација во земјоделскиот сектор и за поттикнување на младите да го искористат својот потенцијал.

-Преку ова партнерство ќе обезбедиме  поддршка за студентите кои во иднина ќе можат да придонесат кон иновации и економски напредок,“изјави Никица Мојсоска – Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и „Го Дигитал“.

Идните студенти може да ја поднесат документацијата за стипендија преку E-scholarships платформата на Македонија2025. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:земјоделски науки и хранамеморандумсоработкаФондацијата MK2025
Претходен напис Почна гаснењето на големиот пожар на планината Огражден, во близина на границата со Бугарија
Следен напис Топлотниот бран поволен за жетвата на јачменот и пченицата, останатите култури загрозени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?