Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Изминатите 24 часа – 11 пожари на отворено, ЦУК со апел да се внимава со палење оган во природа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Изминатите 24 часа – 11 пожари на отворено, ЦУК со апел да се внимава со палење оган во природа
Агровести

Изминатите 24 часа – 11 пожари на отворено, ЦУК со апел да се внимава со палење оган во природа

Објавено 09/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Единаесет пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарникарите се справиле со сите, па така, утрово нема активни пожари.

– Една третина од вчерашните биле на повик на гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шират и на поголем простор во околината. ЦУК упатува апел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и кога е сѐ посува вегетацијата во природата, пишува во денешното соопштение.

Според известување добиено од РЦУК – Штип, околу 13 часот во кругот на фабриката за акумулатори во Пробиштип, при косење трева, пронајдена е стара рачна бомба.

– За итниот, потенцијално опасен случај, известени се пробиштипската полициска станица и ДЗС – Пробиштип. Од страна на овластено лице од ДЗС, бомбата е успешно и безбедно отстранета во 15.30 часот. ЦУК упатува превентивна препорака до граѓаните – доколку најдат неексплодирани убојни средства, да не ги фаќаат и да не ги поместуваат. Да ги пријават на 112 во ЦУК, а потоа од надлежните, тие ќе бидат неутрализирани на лице место, или ќе бидат безбедно отстранети, соодветно, според процена на професионалци, се додава во соопштението.

Вкупно 2.230 повици биле регистрирани на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК, изминатото деноноќие. Како реални повици, категоризирани биле 62,87 проценти.

– Кон полицијата биле упатени 57,85 проценти, кон Итната медицинска помош – 28,01 отсто, a кон пожарникарите – 6,29 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК, се појаснува во соопштението.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:11 пожари24 часаизминатитеоганотвореноприродацук
Претходен напис По околу половина час се чека за влез во државава на ГП Табановце и за излез на ГП Богородица
Следен напис Прскање против комарци утре и задутре во седум општини од Југоистокот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?