Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јуни 2024 година постави нови температурни рекорди, загрижувачки знаци за климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јуни 2024 година постави нови температурни рекорди, загрижувачки знаци за климатските промени
Агровести

Јуни 2024 година постави нови температурни рекорди, загрижувачки знаци за климатските промени

Објавено 08/07/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради емисијата на стакленички гасови добиени од човековите активности, нови температурните рекорди на светско ниво се поставуваат повеќе од година дена: јуни 2024 година стана најтопол јуни некогаш измерен и го собори рекордот од 2023 година,соопшти европскиот опсерваториум Коперник.

Коперник е програма на Европската Унија за набљудување на Земјата и нејзината околина, нудејќи информациски услуги базирани на сателитски набљудувања и земни податоци. Програмата е координирана и управувана од Европската комисија во соработка со земјите членки, Европската вселенска агенција (ESA), Европската организација за искористување на метеоролошки сателити (EUMETSAT), Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), агенциите на ЕУ и Mercator Océan.

Со топлотни бранови во Мексико, Кина и Саудиска Арабија, јуни 2024 година е 13-ти последователен месец со рекордно висока просечна температура во споредба со претходните месеци, објави Коперник. Во текот на изминатите 12 месеци, просечната глобална температура беше највисока некогаш измерена, со 1,64 степени Целзиусови над просечната температура во прединдустриското време од 1850 до 1900 година, кога сечењето шуми и согорувањето фосилни горива сè уште не ја загреваше климата на Земјата.

Јуни 2024 година беше 12-тиот месец по ред со температура повисока за 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот период, истакна Карло Буонтемпо, директор на службата за климатски промени на Коперник (C3). Целта на Парискиот договор за климата од 2015 година е да го ограничи порастот на температурата на Земјината површина на 1,5°C повеќе од прединдустриските нивоа. Меѓутоа, со сегашниот ритам на емисија на стакленички гасови, експертите на ОН предвидуваат дека целта од 1,5°C има ограничени шанси да биде постигната до 2030-2035 година.

Освен во Западна Европа каде што температурата во јуни беше блиска или пониска во споредба со периодот од 1991 до 2020 година, остатокот од светот забележа значително повисоки температури. Во Мека, Саудиска Арабија, од жештината починаа над 1300 аџии, а температурата во Големата џамија се искачи до 51,5 степени Целзиусови. Во Грција, Акропол беше затворен поради високите температури од 44 степени. Северниот дел на Кина, вклучувајќи го и Пекинг, се „пржеше“ на температури над 40 степени, додека југот беше погоден од поплави. Разорни поплави ги погодија и Кенија, Авганистан и Франција. Поплавите се се почеста појава во светот како резултат на затоплувањето на климата, кога влажноста на воздухот се зголемува до максимум, а со тоа и потенцијалниот интензитет на врнежите.

Според World Weather Attribution (WWA), смртоносен топлотен бран во САД и Мексико поради климатските промени станал 35 пати поверојатен.

Што се однесува до пожарите, јуни беше најлошиот полугодишен период во последните 20 години во Амазон, кој е погоден од историска суша. Други последици од топлотните бранови се прекините на електричната енергија што ги зафатија Египет, Пакистан и Западен Балкан.  Другите последици од топлотните бранови вклучуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија во Египет, Пакистан и Западен Балкан.

Сепак, до крајот на годината се очекува враќање на климатскиот феномен Ла Ниња, кој носи поладни температури, што би можело да доведе до намалување на глобалните температури, според Жулиен Николас, научник во Коперник. Тој објаснува дека температурите во светот до крајот на 2024 година во голема мера ќе зависат од растот на температурата на океаните кои покриваат 70 отсто од површината на планетата.

Зголемената температура на површината на Северниот Атлантик, исто така, придонесе за јачината на ураганот Берил, кој ги погоди Антилите на почетокот на јули.

„Ако и покрај Ла Ниња, овие рекордни температури останат, 2024 година би можела да биде потопла во целина од 2023 година, но рано е да се каже“, рече Николас. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:знациЈуни 2024климатските променитемпературни рекорди
Претходен напис Царинска управа: Мобилен тим спречи криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
Следен напис Втора фаза од теристичка дезинсекција против комарци во Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?