Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мрежата на земјоделски задруги го одбележа Меѓународниот ден на задругите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мрежата на земјоделски задруги го одбележа Меѓународниот ден на задругите
Агровести

Мрежата на земјоделски задруги го одбележа Меѓународниот ден на задругите

Објавено 06/07/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заканите од климатските промени, проблемите со недоразвиеноста на земјоделството, како и грешките кои се правени во изминатиот период, можат да се решат со здружување на земјоделците, односно формирање на земјоделски задруги порача денеска од Свети Николе, Ѓорѓи Арнаудов претседател на Мрежата на земјоделски задруги.

Тој истакна дека сите институции, почнувајќи од Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општините, регионалните центри на планските региони и самите задруги го немаат положено испитот, бидејќи во земјава има само околу 50 задруги, додека во Европа еден земјоделец е член на три или четири задруги. Според него, премногу бавно се одвиваат работите за формирање на земјоделски задруги.

– Ако го гледаме бројот на задругите што се новоформирани и тоа од почетокот на формирањето на организациите 2012 година кога е донесен првиот Закон за земјоделски задруги, па минатата година се укина тој и се донесе само општ закон за задругите, каде што и земјоделските задруги се дел од агендата на Министерството за економија, заради недонесувањето на измените и дополнување на Законот за земјоделството и рурален развој, каде што земјоделските задруги ќе бидат дел од агендата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, институционалната поддршка е во застој, вели Арнаудов.

Посочува дека и финансиската поддршка од страна на државата е нередовна и опфаќа мал број на задруги.

– Потребно е да изградиме заедничка платформа, стратегија за развој од кои ќе произлезат акционите планови. Ќе бидеме искрени пред новата Влада, новиот состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред нас како асоцијации, научната фела претстојат сериозни предизвици да одговориме на овие прашања. Затоа што секој земјоделец во Европа е член на најмалку три задруги, вели Арнаудов.

Тој истакнува дека нашата земја мора да се приближи кон европските трендови, а едно од решенијата во земјоделството е задругарството со цел да опстои производството, но и да се надминат проблемите со пласманот, како и со цените на производите.

Митко Николов претставник на задругата „Агро Пура“ од село Црешка во Општина Штип вели дека 12 земјоделци и пчелари се здружени, а мед произведуваат во пределот познат „Медена земја“, по филмот кој стаса и до Холивуд, во кој главна хероина беше Атиџе. Пчеларите во оваа задруга имаат над 750 пчелни семејства.

– Ние сме концентрирани повеќе на производство на мед, помалку на другите производи. Медот го пласираме во Македонија, има одредени прекупци коишто го носат и за Косово, пошто медот е од локалитетот Медена земја, вели Николов.

Посочува дека задругите имаат предност, на еден начин со нив се ублажува проблемот со недостиг на работната сила, а конкретно во пчеларството еден пчелар може да работи на околу 100 пчелни семејства, а во задругата има и одредени луѓе кои како што вели Николов се надарени и за трговија да го пласираат медот на пазарот.

Рахела Трнталовска од задруга од Преспанскиот регион вели дека како задруга постојат три години, главна гранка им е производство на јаболка, а имаат и производство на лешници, малини, цреши, сливи, круши. Но, од производите имаат и краен продукт, кој го пласираат на пазарот. Задоволна е од постоењето на задругата, бидејќи како што вели не е само да го произведеш, треба и да го пласираш. Создале и бренд на природен сок „Преспино“, а кои го произведуваат со помош на Националната Федерација на фармери и организација од Шведска. Забележува дека како задруга веќе имаат план за проширување на нивното производство, бидејќи крајните производи им се продавани на пазарот, а добро им оди и со нарачките преку интернет.

Инаку, денеска е Меѓународен ден на задругите и во сите земји се одбележува. На  одбележувањето на Меѓународниот ден на задругите во Свети Николе присуствуваа претставник од ресорното министерство и градоначалниците на општините Свети Николе и Лозово.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:задругитеземјоделски задругиМеѓународниот денМрежата
Претходен напис Следува период на претежно сончево и многу топло време со температури до 40 степен
Следен напис Трипуновски: Земјоделските задруги се во нашиот фокус, тие се битни за решавање на проблемот со пласманот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?