Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Шпиц во наводнувачката сезона, земјоделците бараат повеќе вода и ред при наводнувањето 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Шпиц во наводнувачката сезона, земјоделците бараат повеќе вода и ред при наводнувањето 
Агровести

Шпиц во наводнувачката сезона, земјоделците бараат повеќе вода и ред при наводнувањето 

Објавено 05/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради високите температури, започна шпицот во наводнувачката сезона, а земјоделците бараат повеќе вода, рече денеска во изјава за МИА, Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари”. 

– Според нас, проблемот е во тоа што има недостаток од вода за наводнување поради горештините и недостаток на технички кадри и недостаток на резервни делови за одржување на системите во водостопанското претпријатие. Во такви услови земјоделците се принудени да чекаат да дојде вода, да стражарат и чуваат, немој случајно некој да им ја сопре водата. Проблемот е и во тоа што тие со земјоделски имоти  од пониска зона имаат повеќе шанси да наводнуваат од тие во повисоките зони. Бидејќи сите гледаат да се снајдат за вода, точно е тоа дека поединци сами пуштаат и сопираат вентили за вода што го регулираат водоснабдувањето на одреден реон, појасни Јошев. 

Тој реагираше дека имало такви коишто се соочувале со проблеми во изминатиот период, недоволно да наводнат, а биле задолжувани за плаќање за наводнување како да имале нормално водоснабдување. Воедно се осврна и на губитокот на вода низ каналската мрежа.

Јошев се надева дека ќе се надминат проблемите со наводнувањето во Тиквешијата, како најголем регион на лозови насади и насади со праски во државата. За да не дојде, како што рече, до поголеми последици, бидејќи деновиве имало една таква ноќна расправија за вода за наводнување во кавадаречко. Случајот бил пријавен и во полиција. 

Според тоа што е пријавено во СВР Велес, на 30 јуни 2024 во ОВР Кавадарци, кавадарчанецот Г.С.(52) пријавил дека околу 22.50 часот  на место викано „Краиште“, кавадаречко, бил физички нападнат од А.„Н“. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Од подружницата ,,Тиквеш” на АД Водостопанство, рекоа за МИА дека има појава на водокорисници кои самоволно пуштаат вода, без претходна најава кај одговорните лица во подружницата во Кавадарци.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:водаземјоделцитенаводнувањетонаводнувачката сезонаШпиц
Претходен напис Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
Следен напис Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?