Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Надминат проблемот со наводнување на земјоделските површини во Овче Поле
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Надминат проблемот со наводнување на земјоделските површини во Овче Поле
Агровести

Надминат проблемот со наводнување на земјоделските површини во Овче Поле

Објавено 01/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Надминат е проблемот со водата за наводнување во атарите на општините Свети Николе и Лозово. Земјоделците од селата Црнилиште во Општина Свети Николе и Милино во Општина Лозово велат дека вода имаат во каналот за наводнување од Хидросистемот „Брегалница“, а според нив водата пристигнува во вистински момент за лозовите насади, а очекуваат помали приноси на пченката.

Бранко Вучевски од селото Сарамзалино вели дека вода има во каналот, но тешко пристигнува, бидејќи не е исчистен од треви и ѓубре. Забележува дека денеска на терен е механизација на Водостопанство „Брегалница“ за да се чисти каналот.

-Имам два декари тутун и од утринава успеав да го навадам. Оваа година во јуни беше многу топло и затоа наводнителната сезона требаше и порано да почне. Но, главен проблем е сепак каналот, кој е стар и на одредени места водата се губи, понира и потребна е да се реконструира. Тоа го очекуваме од новата Влада, вели Вучевски.

И градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски потврдува дека водата пристигнала до најдалечната точка на ХС „Брегалница“.

Благојчо Богатинов од Водостопанство  „Брегалница“ денеска изјави дека решен е проблемот со испораката на водата за земјоделските површини во општините Свети Николе и Лозово. Водата низ каналот е пуштена пред три дена. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:наводнувањеНадминатОвче Полепроблемот
Претходен напис Данска ќе воведе данок за сточарите поради стакленички гасови што ги испуштаат нивните крави, овци и свињи
Следен напис Општина Кавадарци ги повика земјоделците да пријават штети од  врнежи од град 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?