Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АГРОТИМ: Средба со бизнисмени од Општина Шуто Оризари за можностите кои ги нуди ИПАРД програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АГРОТИМ: Средба со бизнисмени од Општина Шуто Оризари за можностите кои ги нуди ИПАРД програмата
Агровести

АГРОТИМ: Средба со бизнисмени од Општина Шуто Оризари за можностите кои ги нуди ИПАРД програмата

Објавено 20/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Можностите кои ги нуди ИПАРД 3 програмата не се исклучиво поврзани со инвестиции во агросекторот. Оваа програма има за цел и поголем рурален развој преку грантови наменети за бизниси кои се водат како услуги на рурално население. Покрај поддршката за земјоделството и руралниот туризам, ИПАРД 3 програмата опфаќа и поддршка на непрехранбени производни активности преку популарната мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Тука спаѓаат голем број на дејности кои не се директно поврзани со земјоделство или туризам, но според нивната локација се подобни за аплицирање во рамки на оваа мерка.

За Мерка 7 но и за Мерка 1 преку која може да се добие грант за нова фарма и други инвестиции во земјоделското и сточарското производство, разговаравме со жителите од Општина Шуто Оризари.

Средбата на Агротим и бизнис секторот во Општина Шуто Оризари се реализира на иницијатива на Сеадин Џафери од организацијата РОМАЛИТИКО, уште еден теренец кој работи во интерес на бизнис заедницата и економскиот развој на општината.

Горно Оризари е рурално подрачје и ги исполнува условите за аплицирање за Мерка 7, за што постоеше голем интерес. Ресторани, нови фарми, погони за производство…беа дел од идеите кои ги разговаравме на средбата.

Среќна сум што оваа иницијатива ќе продолжи, со нови средби, информации и институционална логистика од наша страна, а добредојдена е и поддршката од локалната власт затоа што како и секаде, општината е клучен фактор во обезбедувањето на основните услови за аплицирање за мерките од ИПАРД. Успешната реализација е во интерес на целата општина.

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агротимбизнисиипардмеркашуто оризари
Претходен напис Во Србија поскапува лебот од брашното Т-500
Следен напис Усвоената листа на производи за спречување нефер трговски практики дополнително ќе ја намали инфлацијата, најавува Бектеши
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?