Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По неколку месечен застој одобрен Законот за обнова на природата на ЕУ 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По неколку месечен застој одобрен Законот за обнова на природата на ЕУ 
Агровести

По неколку месечен застој одобрен Законот за обнова на природата на ЕУ 

Објавено 17/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министрите задолжени за животна средина на земјите членки на ЕУ на нивниот денешен состанок во Луксембург со квалификувано мнозинство го одобрија Законот за обнова на природата на Унијата, што е последниот чекор во усвојувањето на оваа регулатива кој е дел од Зелениот договор. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, процедурата за усвојувањето на Законот со месеци беше во ќор-сокак, откако тој во февруари со тесно мнозинство беше поддржан од Европскиот парламент, по што остана да биде одобрен уште од Советот на ЕУ, односно претставниците на земјите членки на блокот. 

Законот беше усвоен откако Австрија и Словачка, кои досега изразуваа резерви кон документот, го променија својот став и на денешното гласање на заседанието на Советот за животна средина во Луксембург го поддржаа законскиот текст. 

Со тоа беше обезбедено квалификувано мнозинство од најмалку 20 земји во кои живеат 65 отсто од населението на ЕУ. Во земјите кои денеска гласаа за Законот за обнова на природата живеат 66 проценти од граѓаните на Унијата. 

Законот предвидува обврзувачки цели за обнова на 20 отсто од девастираните екосистеми во ЕУ, како шуми, пасишта, мочуришта, реки и езера, до 2030 и сите останати екосистеми до 2050 година. 

Првичната верзија на законот предвидуваше поамбициозни цели, но тие беа „ублажени“ под притисок на протестите на земјоделците, кои бараа отфрлање на регулатива, со тврдење дека таа ја загрозува нивната егзистенција. Така, под притисок на земјоделците беше додадена одредба дека од некои цели би можело да  се отстапи доколку се утврди дека тие ја загрозуваат безбедноста на храната. 

Законот ќе стапи во сила 20 дена по неговото објавување во Службениот весник на ЕУ.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Законотзастојнеколку месеченобноваодобренприродата
Претходен напис 21 јуни, петок пред Духовден, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Следен напис Вкупниот промет во индустријата во април намален за седум проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?