Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цветан Трипуновски ќе биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цветан Трипуновски ќе биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агровести

Цветан Трипуновски ќе биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Објавено 16/06/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар, Христијан Мицкоски, вечерва ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада. Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Цветан Трипуновски.

Во продолжение, предлозите на Мицкоски за министри и нивните досегашни ангажмани.

  • Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт и врски. Тој е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието во повеќе мандати.
  • Владо Мисајловски – министер за одбрана. И тој е актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, како и поранешен министер за транспорт и врски.
  • Гордана Димитриеска-Кочоска – министерка за финансии. Таа е актуелна потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ и, како што кажа Мицкоски, негова дамнешна соработничка од ЕЛЕМ.
  • Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и трговија. Тој е актуелен потпретседател на партијата и градоначалник на Општина Аеродром.
  • Златко Перински – министер за локална самоуправа. Извршувал повеќе партиски функции, а беше и директор на скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“.
  • Стефан Андоновски – министер за информатичко општество и дигитална трансформација. Тој е секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен дополнителен заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада.
  • Борко Ристовски – министер за спорт. Ракометар и поранешен репрезентативец, член на ВМРО-ДПМНЕ.
  • Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини. Таа е актуелна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за која Мицкоски кажа дека е експертка во областа на енергетиката.
  • Цветан Трипуновски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој ја води партиската комисија за земјоделство и е актуелен дополнителен заменик-министер во ресорот како дел од техничката влада.
  • Зоран Љутков – министер за култура и туризам. По професија е актер.
  • Панче Тошковски – министер за внатрешни работи. Тој е адвокат и ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи во техничката влада.
  • Весна Јаневска – министерка за образование. Таа е професорка на Медицинскиот факултет, вработена во Институтот за патологија и поранешна пратеничка во Собранието.
  • Љупчо Димовски – вицепремиер одговорен за политичкиот систем. Тој е претседател на Социјалистичката партија, поранешен министер за земјоделство и пратеник во неколку мандати.
  • Иван Стоиљковиќ – вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците. Тој е претседател на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник во Собранието.
  • Шабан Салиу – министер без ресор кој ќе биде задолжен за интеграција на Ромите. Тој е ексдиректор на Дирекцијата за заштита и спасување и поранешен пратеник.

Мандатарот Мицкоски за утре ги очекува официјалните предлози од коалицијата „Вреди“, како и од партијата ЗНАМ, по што во вторник до Собранието ќе го достави комплетниот предлог за новиот владин состав, како и владината програма.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:земјоделствоминистерЦветан
Претходен напис Земјоделците да се информираат за заедничката земјоделска политика на ЕУ, порачуваат експертите
Следен напис Сончево и топло, температурата до 36 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?