Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во хидроакумулациите во струмичко има доволно вода, единствено од „Водоча“ ќе се наводнува два пати неделно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во хидроакумулациите во струмичко има доволно вода, единствено од „Водоча“ ќе се наводнува два пати неделно
Агровести

Во хидроакумулациите во струмичко има доволно вода, единствено од „Водоча“ ќе се наводнува два пати неделно

Објавено 13/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во хидроакумулациите во Струмичко има доволно вода за пиење и наводнување, но заради помалото ниво единствено од акумулацијата „Водоча“ е воведена рестрикција за наводнувањето, односно само два пати во неделата ќе се пушта вода до посевите.

Според последните мерења, двете најголеми брани „Турија“ и „Водоча“ се половина полни.

-Во „Турија“ имаме 31 милиони кубни метри вода од вкупно 50, а во „Водоча“ има 11 милиони од вкупен капацитет од 26 милиони кубни метри вода. Размислуваме да го запреме и наводнувањето од помалата акумулација „Иловчанка“ за посевите од регинот на Општина Босилово, бидејќи нејзина примарна цел е да служи за водоснабдување на жителите од седум населени места, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица.

Додава дека двете помали акумулации „Маркова река“ и „Новоселка“ се полни и и од нив водата може да се користи за наводнување.

Според Ѓоргиев, со вкупните количини вода, посебно во браната „Турија“, не е доведено во прашање редовното снабдување на градот со вода, но сепак апелира на рационално трошење и водата да не се употребува за полевање.

И од струмичкото комунално претпријатие апелираат до граѓаните заради високите температури водата за пиење да се користи рационално и да се избегнува полевање на дворови и миење на површини.

Инаку, во струмичко од акумулаците се наводнуваат површини од околу 2 илјади хектари. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водаВодочаединственострумичкохидроакумулациите
Претходен напис Седум пожари на отворено изминатите 24 часа во државата
Следен напис МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување во близина на далекуводите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?