Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Неготино пред лозари и винари презентирани анализи за искористување на отпадот од лозјата и овоштарниците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Неготино пред лозари и винари презентирани анализи за искористување на отпадот од лозјата и овоштарниците
Агровести

Во Неготино пред лозари и винари презентирани анализи за искористување на отпадот од лозјата и овоштарниците

Објавено 12/06/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Био-отпадот од лозјата наместо да се гори може да се користи за повеќе намени, подвлекоа денеска Александра Караевска Димовска и Билјана Матевска, вклучени во проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“. 

Резултатите од проектот што се спроведува како дел од програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.de, а се реализира со финансиска поддршка на германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ),  преку Германско друштво за меѓународна соработка, во партнерство со винаријата ,,Бовин” и Центарот за истражување и креирање политики, беа презентирани денеска во Неготино, во присуство на претставници на Општината, бизнис секторот, лозари и винари. 

Експерти за оваа област, пред присутните презентираа бизнис модели за искористување на отпадот од лозјата и овоштарниците, со цел добивање на други производи, намалување на загадувањето, добивање на енергија и добивање на додадена вредност. 

-Праксата на горење на гранките на отворено, е нешто што е забрането со закон и не влегува во добрите практики што се наложени во законот за управување со отпад. Тоа е нешто што мора да се искорени, во што е можно побрз временски период, ако сакаме да се доближиме до ЕУ, рече Матевска, координатор на проектот во рамките на Центарот за истражување и креирање политики, рече Матевска. 

Караевска Димовска, советник за управување со отпад при канцеларијата на ГИЗ, посочи дека овој отпад може да биде ресурс за греење, да се добие био ѓубриво, сточна храна, брикети, пелети, брашно, масло и други производи. Значи, да се искористи и во прехранбена, фармацевтска и козметичка индустрија. 
 
 – Се развија  бизнис модели за различни типови на производи, во соработка со тим од експерти, рече Караевска Димовска, нагласувајќи дека целта им е да ја зголемат свесноста околу можноста за искористување на овој отпад и вклучување на што е можно повеќе субјекти во тој еколошки процес.  

Караевска Димовска подвлече дека првично, заклучоците до кои доаѓаат ги реализираат заедно со ,,Бовин”, за подоцна тој модел на соработка да се оствари и со други винарници. 

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:анализивинариискористувањелозарилозјатанеготиноотпадот
Претходен напис Повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Следен напис Малишиќ: Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, стабилизирање на цената со почеток на жетвата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?