Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нелкоски: Македонскиот лешник е квалитетен и има потенцијал да стане извозна култура
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нелкоски: Македонскиот лешник е квалитетен и има потенцијал да стане извозна култура
Агровести

Нелкоски: Македонскиот лешник е квалитетен и има потенцијал да стане извозна култура

Објавено 08/06/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонскиот лешник е квалитетен и постои голем потенцијал да стане извозна култура, беше истакнато на денешната конференција за лешникари што се одржува во Скопје.  

Бошко Нелкоски, еден од организаторите на конференцијата, вели дека од досегашното искуство со извоз на лешник во Швајцарија, може да се забележи дека земјата е класифицирана во А класа добавувачи. 

– Нашиот лешник е доста квалитетен. Во доста ставки е поквалитетен и од турскиот лешник, вели Нелкоски.

На швајцарскиот пазар, како што посочи, се откупуваат околу четиристотини до петстотини тони органски лешник. 

– Во овој момент сме подготвени да извозиме органски лешник по нивниот квалитет, околу десетина до дваесет тони. Бараме да можеме да извозиме барем половина од тој потенцијал и да станеме партнер на оваа швајцарска компанија, а Македонија да стане препознаена како производител на лешник на територија на Европа, што е многу значајно, нагласи Нелкоски.

null

Миланка Фијамин, претставничка на швајцарската фирма „Халба“ вели дека се заинтересирани да купуваат македонски лешници за швајцарскиот пазар.

– Во последните неколку години сме многу активни со нашиот партнер Бошко Нелкоски и со неговата фирма, со желба да го поттикнеме производството на лешници и извозот на органски лешник за швајцарскиот пазар, изјави Фијамин која посочи дека во моментот е тешко да се говори за минимална откупна цена.

Дополнителен заменик – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката влада Цветан Трипуновски во изјава за медиуми рече дека стојат на располагање за да се олесни пласманот на македонскиот лешник на европскиот пазар.

– Како идна влада, стоиме на располагање. На оваа конференција ќе стане збор и за новиот закон за органско производство што е во фаза на припрема. Едноставно, да ги слушнеме двете страни, сѐ со цел да донесеме закон што ќе биде применлив, што ќе има ефект и ќе значи дополнително квалитетно земјоделско производство на лешник во Република Македонија, рече Трипуновски.

Очекува на конференцијата да стане збор и за тоа како македонскиот лешник да стане поконкурентен на европскиот пазар, како и да се слушне што бараат купувачите од странство, за да се усогласат двете страни. бд/бак/

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извозна култураКвалитетенМакедонскиот лешникНелкоскипотенцијал
Претходен напис Прва конференција „Лешникари – сигурна иднина на швајцарски пазар”
Следен напис Следува период на многу топло време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?