Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворен првиот приватен ветро-парк „Богословец“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отворен првиот приватен ветро-парк „Богословец“
Агровести

Отворен првиот приватен ветро-парк „Богословец“

Објавено 05/06/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф и претставници на Green for Growth Fund (GGF) во атарот на светниколското село Богословец, денеска свечено го отворија првиот приватен ветро-парк „Богословец“. Проектот е вреден 61 милион евра, развиен од THOR Impex, и е првиот приватен ветерен парк во земјава и може да се пофали со капацитет од 36 MW, способен да напојува со електрична енергија над 20.000 домаќинства годишно.

Амбасадорот на ЕУ, Гир истакна дека се надева оти оваа прва ваква приватна инвестиција во ветро парк ќе биде вовед во уште многу инвестиции во чиста енергија и во одржлив економски развој. Забележа дека земјава има можности и изболува со искористување на енергијата од ветер, сонце и вода.

-Западниот Балкан има големи природни предности во делот на ветерна, хидро и соларна енергија и огромни можности за приватни инвестиции, надополнувајќи ги и надминувајќи ги инвестициите од ЕУ и останатите партнери. Она што е важно е властите и приватните компании заедно да работат и конструктивно да покажат дека секторот на обновливи извори на енергија максимално го искористува овој потенцијал. Токму овој проект демонстрира како тоа може да биде сторено, здружувајќи локални и компании од ЕУ и банки. Бенефитите ќе бидат долгорочни како за животната околина, така и за граѓаните. Овој проект ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид за 80 илјади тони годишно и ќе обезбеди чиста енергија за 20.000 домаќинства, рече Гир. 

Заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф посочи дека ветерниот парк „Богословец“ претставува значаен чекор кон воспоставување на обновливите извори на енергија како значителен дел од снабдувањето со електрична енергија во државава.

-Оваа приватна инвестиција покажува дека инвестиции во обновливи извори на енергија не секогаш се возможни само со јавни финансии и со државна поддршка туку многу добро се возможни како приватни иницијативи и како бизнис и сметаме дека овој проект е огромен чекор напред кон тоа обновливите извори на енергија огромен дел од снабдувањето со електрична енергија во Северна Македонија, рече Граф.  

Михајло Михајловски од THOR Impex, компанијата сопственик на ветерниот парк „Богословец“, додаде дека веќе имаат визија за инвестиција во нов проект и се надева дека за година и пол свечено ќе се отвори и вториот ветро-парк „Богословец 2“.

-Она што е особено важно е дека станува збор за македонска инвестиција, македонски капитал кој и понатаму ќе остане во државата да создава дополнителна вредност и да биде извор на идни големи инвестициски проекти.  Ваквото достигнување не би било возможно без непоколебливата поддршка од нашите партнери, Ерсте Груп, Комерцијална Банка, НЛБ Банка, Шпаркасе Банка и ОеЕБ, како и Сименс, Инград и нивните подизведувачи Вардар Градба, Хитачи и Елнос чија експертиза овозможи овој ветеренпарк да биде изграден и да почне да произведува електрична енергија согласно проектот. Благодарни сме на сите нашите партнери и сите чинители кои веруваа во овој проект. Вашата поддршка беше непроценлива, рече Михајловски.

Овој проект го претставува претприемачкиот и иновативниот дух што сите ние треба да го имаме во наредните години за да ги исполниме амбициозните цели што државата ги има за својот енергетски сектор, нагласија во своите говори претставниците на Green for Growth Fund. 

-Велам „ние“ како претседател на Green for Growth Fund кој се смета себеси за составен дел на регионот и просперитетот на Северна Македонија. Фондот Green for Growth (или GGF) е влијателно инвестициско средство кое е активно на Балканот веќе 15 години. За тоа време изгради блиска врска со целиот регион за поддршка на развојот на чиста енергија и климатските активности, истакна Кристофер Ноулс, претседавач на Бордот на директори на Green for Growth Fund (GGF).

-Исто како што GGF има можност да има каталитичка улога како инвеститор во остварувањето на ветерниот парк Богословец, германската Влада и Европската комисија се каталитички инвеститори во самиот фонд…Михајло Михајловски, БНБ Компани, визионерот инвеститорот зад овој проект и наш партнер последните месеци и години. Веќе од оваа листа почнувате да добивате чувство за соработка и партнерства кои направија овој проект да се случи, а кои ќе бидат потребни за унапредување на распоредувањето на обновливите извори на енергија во регионот, додаде Борислав Костадинов, директор на Green for Growth Fund. 

Ветерниот парк Богословец беше поддржан од Ерсте Груп, Комерцијална Банка, НЛБ Банка, Шпаркасе банка со финансии во вкупен износ од 41 милион евра и ОеЕБ, развојна банка на Република Австрија кои во финансирањето на овој осовено значаен проект учествуваат со 10 милиони евра. 

Ветро-паркот „Богословец“ треба значително да го подобри капацитетот за обновлива енергија на Македонија, усогласувајќи се со целта на земјата да ја зголеми обновливата енергија за 50% до 2030 година. Ветерниот парк „Богословец“, проект вреден вкупно 61 милион евра, изграден е на 80 километри југоисточно од Скопје, во близина на селото Богословец. Изградбата почна во 2021 година и во изминатиов период „Siemens Gamesa“ инсталира осум ветерни турбини на локацијата. Напојувани од ротори со дијаметар од 145 метри со висина на јарбол од 102,5 метри, овие турбини ќе имаат вкупен капацитет од 36 MW.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Богословецветро-паркотворенпрвиотприватен
Претходен напис Угостителските услуги во мај поскапи за 5.0 % во споредба со истиот месец ланни
Следен напис Домашни растенија опасни за мачките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?