Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности во Свети Николе и Тетово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности во Свети Николе и Тетово
Агровести

Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности во Свети Николе и Тетово

Објавено 05/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со отворање на инсталацијата на ветерниот парк „Богословец“ во Свети Николе и Јуроп Хаус во Тетово денеска „TeamEurope“ ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина, соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

„Богословец“ е втор ветерен парк во државава, по паркот „Богданци“ пуштен во употреба во 2015 година. Двата ветерни паркови се резултат на пристапот #TeamEurope кој придонесува за трансформација.

На локалитетот „Богословец“ се инсталирани осум ветерни турбини, кои ќе имаат вкупна моќност од 36 MW. И двата парка, како што се наведува во соопштението, во голема мера придонесуваат за зелената праведна транзиција на Северна Македонија чија цел е да го подигне националниот капацитет за обновливи извори над 50 отсто до 2024 година, што значи дополнителни 400 MW и 160 MW соларна и ветерна енергија.

На отворањето на ветерниот парк најавено е присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир.

Амбасадорот Гир потоа ќе го посети Тетово каде ќе присуствува на официјалното отворање на Јуроп Хаус. Тој прво ќе предаде мобилна библиотека финансирана од ЕУ од проектот „Регионална мрежа за културна разновидност – РИД)“ на организацијата ЛОЈА од Тетово. Проектот се спроведувал во рамки на Програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019 финансирана од ЕУ од 2020 година за поддршка на помирувањето и добрососедските односи.

Првата активност на Јуроп Хаус Тетово ќе биде дебата „Тетово за нова, позелена генерација“ со студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа. Дебатата по повод Светскиот ден на животната средина ќе ја води активистката Елмедина Абдулахи, номинирана за Европска жена на годината за 2024 година.

Програмата, како што е наведено во соопштението, ќе биде заокружена со концерт на уметницата, музичар и вокалист Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбл, кој ќе биде отворен за јавноста. 

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:активностиживотната срединазелениОдбележувањеСветскиот ден
Претходен напис Сончево и топло, температура до 35 степени
Следен напис Угостителските услуги во мај поскапи за 5.0 % во споредба со истиот месец ланни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?