Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Демир Капија работилница „Дисеминација на бизнис модели за третман на био-отпад од производство на грозје и вино“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Демир Капија работилница „Дисеминација на бизнис модели за третман на био-отпад од производство на грозје и вино“
Агровести

Во Демир Капија работилница „Дисеминација на бизнис модели за третман на био-отпад од производство на грозје и вино“

Објавено 04/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Работилница насловена „Дисеминација на бизнис модели за третман на био-отпад од производство на грозје и вино“, ќе се одржи денеска во Демир Капија.

Четири бизнис модели, за производство на брикети, пелети, био-ѓубриво, брашно и масло, како и можностите за основање јавно-приватно партнерство, ќе бидат презентирани пред сопствениците на лозови насади и винарии, кои ќе имаат можност да ја споделат и својата експертиза и проблемите со кои се соочуваат во праксата, при третман на генерираниот био-отпад. Дополнително, ќе биде претставен и успешно пилотираниот модел за производство на брикети од лозови гранки, како позитивен пример за циркуларна економија на локално ниво. 

Билјана Матевска од Центар за истражување и креирање политики, како проектен координатор, нагласува дека најголемиот дел од био-отпадот кој се генерира при производство на грозје и вино во моментов се третира нееколошки. Притоа подвлекува,  дека околу 40 проценти од вкупниот отпад се согорува на отворено, предизвикувајќи деградација на земјиштето и загадување на воздухот и подземните води. Таа истакнува дека оваа пракса, претставува голем еколошки проблем што бара дополнителни напори, време и инвестиции од страна на властите и бизнисите. 

– Покрај тоа, конвенционалните третмани на отпадот од винариите стануваат сè поскапи, изискувајќи дополнителни ресурси за негово безбедно одлагање. За остварување на заедничката цел за придонесување кон намалувањето на загадувањето на животната средина во Тиквешкиот регион, како резултат на нееколошките практики за третман на био-отпадот од производство на грозје и вино, како и промовирање на неискористените потенцијали на циркуларната економија, во рамките на проектот ,,Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во тиквешки регион“ имплементиран од GIZ ORF MMS, Винарија Бовин и Центар за истражување и креирање политики, се организира првата работилница, појаснува Матевска.

На работилницата ќе учествуваат и претставници од општината, јавното комунално претпријатие, инспектори за животна средина, како клучни чинители во целокупниот систем за управување со био-отпадот во Тиквешкиот регион. 

МИА

Може да ви се допадне

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
Таг:бизнис моделибио-отпадвиногрозједемир капијаДисеминацијапроизводство
Претходен напис Сончево и топло, до 36 степени, попладне можен краткотраен пороен дожд
Следен напис Нови протести на европските земјоделци во Брисел 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?