Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: До 22 јуни опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: До 22 јуни опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок
Агровести

ЦУК: До 22 јуни опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок

Објавено 31/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Движењето на граѓаните на Водно во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) пренесувајќи ја информацијата од фирмата „Рапид билд“ ДОО.

Регулираното движење во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, како што велат од ЦУК е поради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод во три последователни временски интервали во периодот  од 30 мај до 22 јуни 2024 година.

-Првиот интервал, од 30 мај до 12 јуни е на делницата од црквата „Света Мина“ во Сопиште до полициска станица Глумово. Вториот интервал е од 7 до 16 јуни на делницата од полициска станица Глумово до селото Паничари во општина Сарај, а третиот интервал од 12 до 22 јуни на делницата од селото Паничари во општина Сарај до пред село Ларце во општина Желино, се наведува во соопштението.

Во известувањето до ЦУК се наведува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје – Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен.

Од Центарот за управување со кризи велат дека пристапот на Водно не е забранет, но нагласуваат да се внимава на зоните кои се обележани со знаци за предупредување кои се поставени на самите планинарски патеки со дополнително врзани обележувачки ленти преку патеките. На патеките кои минуваат преку зоните на испитување, од ЦУК велат дека фирмата треба да постави и лица за известување и предупредување.

Од страна на ЦУК дополнително се информирани МВР, ДЗС, ЈП Национални Шуми, ЈП за стопанисување со пасишта, Град Скопје и општините Сопиште, Карпош, Сарај, Желино, Тетово, Брвеница и Гостивар. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:22 јунивисок притисокВодногасоводопасна зонацук
Претходен напис Следните денови сончево и топло, во попладневните и вечерните часови локален пороен дожд и грмежи
Следен напис Лозари реагираат, нема вода во каналите за наводнување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?