Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светски ден на пчелата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светски ден на пчелата
Агровести

Светски ден на пчелата

Објавено 20/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под покровителство на Амбасадата на Република Словенија, АДРА Македонија, Општина Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска ќе биде организиран настан по повод Светскиот ден на пчелата. Целта е подигнување на свеста за важноста на пчелите како главни опрашувачи во природата од кои зависи опстанокот на планетата.

Првиот дел од настанот ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во Автокоманда, а вториот на платото пред ФЗНХ, во чиј круг се наоѓа и „Паркот на пчелата“ каде е предвидено да сe засадат медоносни растенија. Акцентот годинава е ставен на младите и нивното знаење за пчелите и пчелните производи.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден ќе биде одржана и ликовна колонија на теми посветени на пчелите, а ќе бидат поставени и штандови со пчелни производи за пошироката јавност да се запознае со огромната улога што ја имаат медоносните пчели во опрашувањето на растенијата, како и во производството на пчелните производи.

Како што најавува Словенечката амбасада, присутни ќе бидат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, на резидентната координаторка на ОН во земјава, Росана Дудзиак, на амбасадорот на Република Словенија Грегог Прескер, на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и на деканот на ФЗНХ, Миле Маркоски. На настанот ќе има и претставници од партнерските организации во областа на пчеларството и заштитата на животната средина.

Амбасадата потсетува дека одбележувањето на овој ден почна на иницијатива на Словенечкиот пчеларски сојуз. Иницијативата беше усвоена од ОН во 2017 година, а 20 мај, роденденот на пионерот на модерното словенечко пчеларство Антон Јанша, од тогаш е прогласен за Светски ден на пчелите. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:пчелатаСветски ден
Претходен напис Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме
Следен напис До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?