Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува Програмата „ЕУ за Преспа“, над 13 милиони евра за инфраструктура, одржливо земјоделство и туризам
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува Програмата „ЕУ за Преспа“, над 13 милиони евра за инфраструктура, одржливо земјоделство и туризам
Агровести

Почнува Програмата „ЕУ за Преспа“, над 13 милиони евра за инфраструктура, одржливо земјоделство и туризам

Објавено 22/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со пакет мерки, вредни 13 720 000 евра, ЕУ и УНДП ќе работат на заштита на биодиверзитетот во Преспанското Езеро и на развојот на одржливо земјоделство и туризам, а ќе се спроведат и поголеми инфраструктурни интервенции за справување со крупниот отпад и отпадните води, како и за подобрување на регионалниот развој.

Како што информираа денеска од Канцеларијата на УНДП во Скопје, инвестициите за заштита на еколошкиот систем во регионот на Преспа ќе се спроведуваат преку два комплементарни проекта, „ЕУ за инфраструктурни подобрувања во регионот на Преспа“ и „ЕУ за Преспа – обнова на природните ресурси за зајакнување на одржливото земјоделие и туризам“.

-Регионот на Преспанското Езеро е област со исклучителна убавина и извонреден биодиверзитет. Неговиот ранлив еко-систем треба да биде заштитен, додека луѓето кои живеат на бреговите на езерото треба да имаат корист од можностите за одржлив развој. Програмата на Европската Унија „ЕУ за Преспа“ е дизајнирана да го направи токму тоа, преку зголемување на заштитата на регионот, заедно со промоцијата на одржливиот развој за сите. Програмата вклучува и финансиски придонес за изградба на граничниот премин „Маркова Нога“, кој ги поврзува Северна Македонија и Грција, овозможувајќи поголеми економски можности, експанзија на туристичкиот потенцијал на регионот и поблиски економски врски меѓу заедниците околу езерото, изјави амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

Програмата „ЕУ за Преспа“ ќе помогне и во справување со загадувањето на водата и почвата, како и за заштита на ендемските видови во Преспанското Eзеро. Со изградба на системите за управување со отпадни води, повеќе од 1 500 жители на 6 села ќе имаат пристап до модерни и ефикасни решенија за справување со овој предизвик.

Мрежата за собирање на цврст отпад, ќе се прошири со 11 села и над 1100 жители, со што ќе се спречи загадувањето на животната средина со повеќе тони отпад секоја година. УНДП повеќе од една деценија се присутни во овој регион со разни проекти за заштита на Преспанското Езеро и резултатите се препознаени глобално, рече постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, Армен Григорјан.

Проектите од „ЕУ за Преспа“ се финансирани од Европската Унија и делумно од Програмата за развој на Обединетите Нации, а ќе ги имплементира УНДП во соработка со општина Ресен, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Царинската управа како и други национални и локални партнери.

Проектите ќе се имплементираат во наредните три години и ќе се спроведат до 2027 година. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:13 милиони евраЕУ за Преспаинфраструктурапрограмататуризам
Претходен напис Се чествува Денот на планетата Земја
Следен напис Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?