Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во месноста Лешница на Шар Планина забележанo реткото диво животно – рис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во месноста Лешница на Шар Планина забележанo реткото диво животно – рис
Магазин

Во месноста Лешница на Шар Планина забележанo реткото диво животно – рис

Објавено 05/04/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вработените во Националниот парк Шар Планина информираат дека е утврдено присуство на реткото диво животно – балкански рис во месноста Лешница. Тие го следеле движењето на дивите животни преку поставени видеокамери од почетокот на оваа година.

-Воспоставеното следење на дивите животни со фото-замки од почетокот на годината ни даде одлични првични резултати, но последното видео ни донесе и солзи радосници. Возбудени сме да ја споделиме информацијата дека го потврдивме неговото присуство во срцето на Шар Планина, во Лешница. Балкански рис (Lynx lynx balcanicus) е предатор и е исклучително ретко диво животно. Тој е еден од избраните клучни видови и е добар индикатор за здравствената состојба на екосистемот, велат од НП Шар Планина во соопштението.

Од таму потенцираат дека локалитетот Лешница е посебен предел поради своите бројни вредности, а потврдата дека е живеалиште на рисот е дополнителен аргумент дека заслужува посебен третман.

-Национален Парк без мали хидро-централи, почитување на режимот за движење со моторни возила, без било какви други негативни човекови влијанија и други недозволени активности. Присуството на рисот во срцето на Шара е потврда дека насоките на управување се добро поставени и со ова би сакале да изразиме благодарност до ренџерската служба, стручниот колегиум и до научниот совет на институцијата, до колегите од секторот природа на МЖСПП и до главните поддржувачи во напорите да се заштитат уникатните вредности на Шар Планина, PONT и Global Conservation, велат од установата.

Балканскиот рис е национално обележје на Македонија, го има и на монетата од 5 денари, како и на логото на Националниот Парк Шар Планина. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:забележанoЛешницарисШар Планина
Претходен напис АФПЗРР : Исплатени 257.9 милиони денари за 9055 полјоделци
Следен напис МЗШВ: Кон 9.055 полјоделци исплатени 257,9 милиони денари дополнителна субвенција за употреба на сертифициран семенски материјал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?