Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од понеделник ќе почне полнењето на нивите во Кочанско и активностите за сеидба на оризот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од понеделник ќе почне полнењето на нивите во Кочанско и активностите за сеидба на оризот
Агровести

Од понеделник ќе почне полнењето на нивите во Кочанско и активностите за сеидба на оризот

Објавено 02/04/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На почетокот на идната недела ќе бидат зафатени проточните води од реките во кочанскиот регион, по што ќе започне полнењето на нивите пред почетокот на овогодишната сеидба на оризот.

Од водостопанската подружница „Брегалница“ во Кочани истакнуваат дека состојбата со акумулациите од хидросистемот е исклучително поволна, дотокот на вода од речните притоки е стабилен што ќе овозможи навремен старт на сезоната за наводнување во целиот источен регион.

– Во моментот во браната Калиманци се акумулирани 103 милиони кубни метри вода, а просечниот доток од реката Брегалница е четири кубни метри во секунда, со што се обезбедени близу 90 отсто од максималниот капацитет на акумулацијата. Со оглед што на дел од околните планински врвови сè уште има снег, очекуваме дополнителен прилив на вода, а превентивно се испушта извесна количина за да се овозможи прифаќање на зголемен доток. Во план е водата за наводнување во оризовите ниви да се пушти в понеделник, односно по верскиот празник Благовец, што е повеќегодишна традиција во кочанскиот регион, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“.

Во првите две недели за полнење на оризовите ниви ќе се користат проточните води од реките, а кон крајот на април во каналите ќе биде пуштена водата од акумулацијата Калиманци.

Работници и механизација на водстопанското претпријатие и понатаму се ангажирани на расчистување и обновување на каналската мрежа, а досега се исчистени околу 200 километри канали и вади во атарите на четирите општини во кочанскиот оризопроизводен регион.

Планот за наводнување е комплетиран и со ориз ќе бидат засеани над 3.700 хектари. Новина е што по неколкугодишен застој повторно ќе бидат опфатени и околу 200 хектари оризови ниви во катастарската општина Оризари. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кочансконивитеоризотполнењетопонеделниксеидба
Претходен напис ЕУ блокираше 148 милиони евра од ИПАРД 3 за Албанија, поради злоупотреба на претходно добиени средства
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево со температура до 25 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?