Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски на четвртата работилница од „Програмата за управување со пожари на ниво на предел“: Oваа програма е од особено значање за државата и јасно ја отсликува нашата свесност за влијанието на климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски на четвртата работилница од „Програмата за управување со пожари на ниво на предел“: Oваа програма е од особено значање за државата и јасно ја отсликува нашата свесност за влијанието на климатските промени
Агровести

Николовски на четвртата работилница од „Програмата за управување со пожари на ниво на предел“: Oваа програма е од особено значање за државата и јасно ја отсликува нашата свесност за влијанието на климатските промени

Објавено 28/03/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска се одржува четвртата работилница од осумгодишната „Програма за управување со пожари на ниво на предел“, на која учествуваа претставници од речиси сите релевантни институции како и приватни организации и здруженија.

Постојаното зголемување на температурата предизвика глобално затоплување на планетата и променливи временски услови, засилени, неочекувани и понекогаш екстремни климатски непогоди, кои претставуваат сериозна закана на глобално, регионално и на национално ниво. Овие промени ја зголемуваат веројатноста за интензивни пожари на ниво на предел, загрозувајќи ги екосистемите, ризикот по животот на населението и пределите од кои луѓето егзистираат.

„Оваа програма е од особено значање за државата и јасно ја отсликува нашата свесност за влијанието на климатските промени и потребата да имаме национална стратегија како да управуваме со пожари на ниво на предел. „Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан” веќе година и пол  спроведува активности во нашата држава, каде Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е активен партнер и е државна институција која е одговорна за спроведување и имплементација на активностите на национално ниво со стручната и експертска поддршка обезбедена од страна на Регионалниот центар за следење на шумски пожари од Скопје. Оваа програма, која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје и со советодавна поддршка на ХЕЛВЕТАС од Швајцарија, има за цел преку активна работа на сите учесници, да придонесе за ублажување на негативното влијание од пожарите на ниво на предел во Западен Балкан и да придонесе кон намалување на влијанието на климатските промени. Со тоа ќе се постигне зголемување на отпорноста на шумите во Западен Балкан, од кое директна корист ќе има локалното население, шумскииот биодиверзитет, односно целиот екосистем карактеристичен за одреден предел“ посочи министерот Николовски.

Она што ја прави оваа програма уште позначајна е тоа што програмата се спроведува во седум земји од Западен Балкан и има за цел да ја подобри регионалната соработка помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Балканските држави се поврзани меѓусебно за заедничко координирано управувањето со пожарите на ниво на предел. Во таа наша заедничка активност, вклучени се претставници од повеќе различни институции, организации и здруженија, како и локалното население, што силно придонесува да се подигне јавната свест за заштита на природните ресурсии и важноста на личниот придонес на секој поединец.

Од друга страна, освен региоалната соработка, програмата предвидува и национален ангажман и посветена работа на нашата Национална мрежа, која преку еден отворен и транспарентен процес, изработи Извештај за управување со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија, кој денеска беше презентиран. Овој Извештај како заеднички производ, има за цел да придонесе кон подобро разбирање на состојбата со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија, земајќи ги во предвид шумите и другото шумско земјиште, како главен екосистем во кој се случуваат пожарите, вклучувајќи ги и пределите односно целокупниот пејзаж кој е потенцијално загрозен од пожар. Извештајот јасно ги детектира слабостите на системот и дава насоки за подобрување на состојбата и изготвување на национална стратегија, како основа и клучен документ врз кој ке се водат идните политики за управување и заштита на шумите и пределите од пожарите

„Програмата е сеопфатна, пристапот е фронтален со широко учество на релевантни државни институции но и приватни органзиации и здруженија како и силна регионална соработка. Заедно сме во овој процес, затоа што така сме посилни, подготвени, координирани, обучени и мотивирани заедно да се бориме против влијанијата на климатските промени и потенцијалните опасности од пожар. Ова е нешто што одамна ни требаше, но никогаш не доцна за подобрување на состојбите и затоа ми е драго што имаме ваква програма која веќе ги дава првите резултати“ рече министерот Николовски во своето поздравно обраќање пред присутните.

Николовски упати искрена благодарност до сите учесници за активниот придонес кон напредокот на „Програмата за управување со пожари на ниво на предел“. Како резултат на досегашната работа на Националната мрежа, имплементирани се  принципи за управување со пожари на ниво на предел во новиот Закон за шумите кој е во владина постапка за негово усвојување, а во фаза на изработка се и три нови правилници кои произлегуваат од Законот.

„Програмата за управување со пожари на ниво на предел“ е осумгодишен проект кој со одговорна и посветена работа и во наредните години, ќе придонесе за да ја достигнеме нашата заедничка цел, а тоа е да изградиме национални екосистеми отпорни на пожари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:значањеклиматскитеНиколовскиПрограмата за управување со пожари на ниво на пределпромениработилница
Претходен напис ЦУК: Два пожара на отворено во последното деноноќие
Следен напис Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?