Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пролетната зелка во струмичко се откупува за 40 денари за килограм, се извезува скоро во цела Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пролетната зелка во струмичко се откупува за 40 денари за килограм, се извезува скоро во цела Европа
Агровести

Пролетната зелка во струмичко се откупува за 40 денари за килограм, се извезува скоро во цела Европа

Објавено 26/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првите количини пролетна зелка, која интензивно стасува за берба деновиве, се откупува за 40 денари за килограм. Освен на балканските пазари, струмичката пролетна зелка се пласира во сите земји на ЕУ и Украина.

Откупната цена од 40 денари за килограм е прифатлива за трговците.

-До пред три дена имавме зголемено побарување за зелката, но понудата беше мала. Заради претстојните велигденски празници во Европа уште денес ќе имаме извоз и се надевам дека ќе продолжиме по празникот. Не очекувам откупната цена од 40 денари да се задржи подолго, бидејќи во наредните недели интензивно ќе стасува производството, односно понудата ќе биде поголема од побарувачката и реално е цената да падне, смета Благој Витанов, трговец од Струмица.

И производителите се задоволни од откупната цена на пролетната зелка, која освен на откупувачите ја продаваат и на Пазарот на големо во Струмица.

-Откупната цена  засега е добра и доколку остане таква тоа ќе значи многу. Но, искуството од минатите години ни кажува дека како што расте понудата така цената паѓа. Се надевам дека нема да се случи да падне под прагот што е исплатлив за нас, односно на неколку денари за килограм, рекоа повеќе градинари од селото Банско.

Како штом информираат оттаму, поголемите производители на зелка и тие што порано ја засадиле веќе се при крај на бербата, а екот се очекува да се случи во првите десетина денови од наредниот месец.

Покрај пролетната зелка тече откупот и на лутите пиперки, кои се откупуваат по 7 денари за парче и од почетокот на бербата имаат континуирана откупна цена.

Инаку, во Струмичкиот регион се засадени околу илјада хектари под пролетна зелка и се очекува принос од над 50 илјади тони.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:40 денариЕвропаизвезуваоткупуваПролетната зелкаструмичко
Претходен напис Малави прогласи состојба на катастрофа поради суша
Следен напис Членките на ЕУ го поддржа предлогот за отстапување од некои еколошки стандарди во земјоделството 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?