Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Пробиштип се одржува манифестацијата „Зелникот на баба“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Пробиштип се одржува манифестацијата „Зелникот на баба“
Магазин

Во Пробиштип се одржува манифестацијата „Зелникот на баба“

Објавено 23/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Илјадници посетители од земјава и странство има денеска на традиционалната манифестација „Зелникот на баба“ во Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека ова е 11 издание на оваа манифестација.

-Можам да се заблагодарам на сите институции кои се вклучени, за Пробиштип денеска да биде извонреден домаќин, имаме извонредна организација, неколку илјади посетители од градовите од Македонија и секако овде се нашите пријатели од Република Србија и Република Бугарија, вели Анастасов.

Во манифестацијата „Зелникот на баба“ во чии рамки се подготвува зелник на традиционален начин под вршник учество земаат 20 тина групи, од кои пет од Општина Пробиштип. Активно се вклучени пензионерките и пензионерите, но какошто вели Анастасов го радува и присуството на помладите.

-Она што сакаме преку оваа манифестација да го прикажеме е и да одадеме признание и на нашиот Лесновски манастир, за таму како се приготвува зелникот под вршник и се пренесува оваа традиција преку активот на нашите пензионерки од генерација на генерација, рече Анастасов.

Манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип станува препознатлива за граѓаните ширум земјава, а годинава според организаторите имаат рекордна посетеност, кои на лице место можат да видат како се приготвува зелник, а потоа се пече и под вршник. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Зелникот на бабаманифестацијатаодржувапробиштип
Претходен напис Од утревечер дожд и опаѓање на температурите
Следен напис Времето утре сончево и топло, кон крајот на денот со услови за дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?