Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инвестирајте во СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВО преку ИПАРД: 750 000 евра грант за нови фарми, опрема, објекти, машини, инфраструктура…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Инвестирајте во СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВО преку ИПАРД: 750 000 евра грант за нови фарми, опрема, објекти, машини, инфраструктура…
Агровест

Инвестирајте во СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВО преку ИПАРД: 750 000 евра грант за нови фарми, опрема, објекти, машини, инфраструктура…

Објавено 22/03/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мерка 1: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА

КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК

1.  Земјоделско стопанство:

  • Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство),
  • Семејното земјоделско стопанство,
  • Индивидуален земјоделец – ИЗ,
  • Земјоделско стопанство преставувано од правно лице.

2.  Задруги

3.  Здружени правни лица (за колективни инвестиции):

  • Групи на производители и организации на производители регистрирани во Регистарот на групи на производители и/или Регистар на организации на производители што го води МЗШВ,
  • Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство запишано во ЕРЗС,
  • Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или земјоделска преработка основана од здружение на земјоделски производители.

Минималниот број на земјоделски производители ангажирани под некој од горенаведените субјекти е најмалку 10.

МИНИМАЛНИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ СО КОИ ТРЕБА ДА РАСПОЛАГА БАРАТЕЛОТ НА ПОДДРШКАТА

Растително производство

  • најмалку 0,02 хектари земјоделско земјиште во случај на инвестиции поврзани со безпочвено одгледување и други иновативни системи за производство;
  • најмалку 0,3 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции поврзани со оранжерии;
  • најмалку 1 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции за одгледување на повеќегодишни растенија (култури), производство на зеленчук на отворено, полјоделство, индустриски култури и производство на сточна храна.
  • најмалку 2 ха во случај на инвестиции во ТРАКТОРИ  и земјоделска механизација.

Корисниците со помалку земјоделско земјиште од минималните прагови споменати погоре со намера да започнат растително производство, исто така, имаат право да аплицираат и да ја искористат поддршката доколку минималниот праг (наведен погоре) во зависност од видот на растителното производство се достигне на крајот на инвестицијата и е регистриран во Единствениот регистер на земјоделски стопанства.

Сточарско производство

  • 10 молзни крави, 25 говеда до 1 година,  телиња за инвестиции во  говедарство;
  • 100 овци/кози за инвестиции во овчарство/козарство;
  • 16 маторици/300 прасиња за инвестиции во свињарство;
  • 1 400 бројлери/700 несилки за инвестиции во живинарство (со исклучок на патки, гуски, мисирки, фазани, ноеви, ему и бисерки).

Кај сточарското производство бараниот капацитет треба да биде достигнат на крајот на инвестицијата.

ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ

  • Сектор за растително производство: (1) житарици, (2) индустриски и фуражни култури, (3) градинарски култури (вклучувајќи и компир, јагоди), (4) повеќегодишни култури (овоштарници, вклучувајќи и трпезно грозје, маслинки), (5) лозја, (6) други растителни производи од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7;
  • Сектор сточарство: (1) Говеда (за млеко и гоење), (2) свињи (за репродукција и гоење), (3) овци и кози (за млеко и гоење), (4) живина (одгледувани за производство на месо – бројлери, кокошки несилки), (5) други производи од сточарство од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7;
  • Сектор рибарство: рибници за производство на слатководни риби.
  • Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство: (1) млеко и млечни производи, (2) месо и месни производи; (3) овошје и зеленчук, вклучувајќи и компири, печурки и мешункасти култури; (4) жита, мелничарски производи и производи од скроб; (5) растителни и животински масла и масти; (6) шира од грозје, сок од грозје, вино, (7) други ферментирани напитоци, жестоки алкохолни пијалоци и оцет, (8) риби и рибни производи, (9) производство на сточна храна.
  • Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка

ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА

  • Минималниот вкупен прифатлив трошок за инвестицискиот проект изнесува 20.000 евра.
  • Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 60% или не повеќе од 750 000 евра. Висината на финансиската поддршка ќе се зголеми до:
  • 70% за инвестиции во земјоделски стопанства реализираани од страна на млади земјоделци;
  • 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.
  • Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на еден примател според оваа мерка е 1 500 000 евра за целиот период на спроведување на Програмата.
  • Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани правни изнесува 100 000 евра.

НАПОМЕНА ЗА СИТЕ МЕРКИ: Земјиштето на кое се планираат инвестициите треба да е во сопственост на апликантот или да е земено под закуп или концесија на најмалку 7 (седум) години од денот на аплицирање.

За повеќе информации и изготвување на апликации испратете e-mail на [email protected] или јавете се на телефонскиот број:  070 267 789

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
(ВИДЕО) Трипуновски: Во наредните денови ќе има исплата на 4.1 милиони евра на оние што аплицирале и добиле ИПАРД средства
Трипуновски: ИПАРД средствата повторно достапни за македонските земјоделци
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина
Таг:грантинвестицииипардсточарско производство
Претходен напис Поскапува Еуросупер БС-95
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?