Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Земјоделците кои немаат аплицирано за дополнителни субвенции за 2023 година, ќе добијат можност тоа да го сторат оваа година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Николовски: Земјоделците кои немаат аплицирано за дополнителни субвенции за 2023 година, ќе добијат можност тоа да го сторат оваа година
Јавни огласи и повициСубвенции

Николовски: Земјоделците кои немаат аплицирано за дополнителни субвенции за 2023 година, ќе добијат можност тоа да го сторат оваа година

Објавено 14/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Земјоделците кои немаат аплицирано за дополнителни субвенции за 2023 година, ќе добијат можност тоа да го сторат оваа година, информираше денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Посочи дека со новиот модел за основна субвенција за оджување на површините добиваат сите земјоделци, додека пак дополнителна субвенција добиваат земјоделците што произведуваат култура од листата на значајни култури, која истата ја предале до преработувачки капацитети кај откпувачите, го користеле за свои потреби или истото го предале на пазар.

– Првичните анализи со завршувањето на аплицирањето за дополнителни субвенции, заклучно 30 декември 2023 година, покажуваат дека 8061 земјоделец немаат аплицирано за дополнителна субвенција. Затоа после оваа првична анализа сите земјоделци ќе добијат уште една можност да добијат дополнително барање за дополнителна субвенција, доколку оствариле производство во градинарство, лозарство и овоштарство и истото е пријавено како производство, рече Николовски.

Земјоделците не пријавуваат само апликација за субвенција, вели Николовски, туку за остварување на целокупниот износ на субвенции пријавуваат колкаво е нивното производство. Целта на новиот модел на субвенционирање, Николовски посочи е да се знае што е она што го произведуваме и колкаво е нашето производство. 

– Македонската зелка веќе неколку години наназад е најизвезуваниот зеленчук, во 2023 година вредноста на извозот достигна 30 милиони евра, што е раст за 21 отсто во однос на 2022 година. Пиперките се вториот најизвезуван производ кој на странските пазари се продадени во вредност од 20,7 милиони евра, потоа следува доматот, печурките, краставиците, корнишоните, кромидот и компирот, истакна Николовски.

Додаде дека потребна е кампања за информирање на земјоделците и затоа ќе се направи измена во програмата, бидејќи како што рече, станува збор за нов модел.

– Дополнителните субвенции во сточарството пак, самите сточари не го пријавуваат дополнително, туку тие ги добиваат со претходно исполнети услови, а тоа е да имаа произведено и предадено млеко до млекарниците или предадено грло до кланиците, што секако е дел од новиот модел на субвенционирање каде што се фокусираме на развој во сточарството и фокус на грлата што даваат млеко и месо и на овој начин повторно ја истиснуваме сивата економија од целокупниот овој сектор, рече Николовски.

МИА

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Таг:аплицираногодинаЗемјоделцитеможностНиколовскисубвенции
Претходен напис Викендов променливо облачно со локални врнежи од дожд
Следен напис Успешни жени земјоделки во Кавадарци посетени од Тренчевска и Николовски 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?